Вистината цензурирана, омразата промовирана

Ако вчерашната емисија на Миленко Неделковски Шоу во која се зборуваше и се разоткриваше вистината за тоа кој стои зад дестабилизацијата на Македонија, но и зад дестабилизацијата на Украина, Сирија, Египет итн, беше говор на омраза, тогаш што беше говорот на Заев кога најави дека ќе јаде живи луѓе, или кога Коља Мрак пцуеше и се дереше како последна будала во 24Вести, или кога Тричковски посакуваше смрт за полицајците кои не загинале во Диво Насеље, или пак константите навреди на Најчевска за која народот е будала и неизмиен. Што беше говорот на Пендаровски кој ги нарече граѓаните стока и овци? Или за тоа Бејли, Герет, Орав им дале „виза“, па нема проблем, пишува ИнфомаксКаде беше тогаш Бејли и Трајчевски да цензурираат говор на омраза. Зошто дозволуваа личности како Тричковски да посакуваат смрт на полицајци кои не успеале да загинат во Диво Насеље, или тогаш за тоа им беше дадена „виза“.
За Бејли, Орав, Герет пострашна е вистината и треба да биде цензурирана, отколку посакувањето смрт на македонската полиција. За нив очигледно, навредата кон нивната имеприја и нивниот голем лидер е смртен грев, но затоа се дозволува нестабилни личности како Најчевска да го навредуваат целиот народ дека е стока, овци, свињи, глуперди, и тоа да не биде говор на омраза.

Дотолку повеќе што, кандидатот на СДСМ за претседател на државата од ниту еден амбасадор, ниту една невладина не беше осуден кога ги споредуваше граѓаните со овци и стока.
Никој не реагираше или цензурираше, најмалку Бејли или Трајчевски кога Бранко Геровски во своето весниче целиот народ го нарече овци, па тоа дури и илустрирано го презентираше на насловната страна на „Слободен Печат“. Тоа не ли беше говор на омраза? Или тогаш Трајчевски немаше ненадејна посета од Бејли? 

Јадењето живи луѓе на Заев, според амбасадорите на западните земји е „фигуративен говор“, во ниту еден случај тоа не е говор на омраза. Тоа е само начин на политичко искажување на ставовите. Но, кога станува збор на искажување на ставовите и вистината за тоа кој стои зад дестабилизацијата во Македонија, тогаш гувернаторот на оваа територија испратен од големата империја не дава дозвола, цензурира.
За ова ли треба да гласа народот, за целосен мрак, диктатура и цензура? Ова ли е слободата на изразување, да го тепате и затварате секој оној кој ќе зборува против вас, против големите лидери и имеприи? Како што тоа го правеше Сталин, Мао Це Тунг, Ким Јонг Ун, Хитлер, Тито? Да го убивате и ливкидирате секој оној кој слободно зборува, како што грчките фашисти ги убиваа Егејците ако зборуваат Македонски? Како Хитлер.Каде беше тогаш Бејли и Трајчевски да цензурираат говор на омраза. Зошто дозволуваа личности како Тричковски да посакуваат смрт на полицајци кои не

Пронајдете не на следниве мрежи: