Крајностите во политиката создаваат радикални групи во општеството. Говорот на омраза кон политичкиот противник или едноставно кон оној што поинаку размислува од другиот раѓа повеќе омраза, желба за одмазда и поголемо зло.Борците за слобода на на говор кои воедно го носеа дресот на противници на говорот на омраза станаа извор на истиот тој говор на омраза против кој се ,,бореа” и најголеми цензори на модерното живеење. Многумина поверуваа во приказните за некоја си имагинарна режимска и заробена Република Македонија, а никој не се сети дека луѓето што ги гнасеа и кршеа државните институции, денес гордо се нивни домаќини. Ако квалитетната политичка понуда се бира по тоа колку може да ги предадеш принципите кои жестоко си ги бранел, тогаш шарените функционери би владееле вечно. Единствено што треба да им се признае е тоа дека по некоја извитоперена смисла за морал, шарените однапред најавија и кажаа се што ќе прават. Прогони, жигосувања, црна пропаганда, неработење и празни зборови станаа ,,боите” на нивното владеење. Во неколку прилики, членовите на нивната политичка елита говореа за правдата и како еден невин во затвор е полошо од десет криминалци на слобода. Тоа и се случи, криминалците излегоа на слобода и добија партнер во водството на нашата ,,слободарска’’ Македонија.
Сите разумни луѓе знаат дека политиката е превртлив занает и нужно зло во општественото живеење. Народот е секогаш мудар и го бира она помалото зло, за доброто на повеќето. Тоа се случи во Македонија и на последните избори. Народот го кажа своето, па сценаристот мораше да интервенира за да го зашити својот играч. Исто така, сакам да ги потсетам оние кои покрај се, сеуште веруваат во приказната на овие гладни политички марионети кои ја уживаат вашата поддршка, пред некое време ги срушија етничките бариери и коалиции во политиката, гордо го бранат законот за употреба на јазиците и отворено заговараат двојазичност на Р. Македонија. Ете, за да не речете дека таа тема е вмровска измислица и причина за разгорување на национални чуства за добивање политички поени, во кратки црти сакам да ви укажам на апсурдноста на ова законско решение. Покрај тоа што овој т.н. закон за јазици, во кој всушност се крие само еден јазик, го руши концептот за Заедничка Крушевска Македонија, која е еден од најубавите концепти за заедничко мултиетничко општество, тој е едно крајно нерационално, непрактично и противуставно решение. Ете и да ги тргнеме настрана бурните реакции на професорите, политичарите и македонскиот народ, овој закон ќе ни го отежнува секојдневниот живот, ќе ја успори правдата, ќе ја зголеми недовербата во институциите и ќе направи големи трошоци.
За крај би сакал само да се осврнам кон една тема на која шарените функционери гордо милуваа да поентираат. Слободата на медиумите, слободата на медиумите, слободата на медиумите. За оваа тема народот слушаше повеќе од рекламите на поранешната Владата, а денес живееме во земја во кое имаме Министерство за вистина со еден куп вработени, небаре живееме во Северна Кореа и се снимаат пропагандистички серии финансирани од странски амбасади небаре се вредности од животно значење. Медиуми се затвараат, осиромашуваат и гонат, а постои и тело кое им дели воспитни на националите медиуми ако кажат ВМРО повеќе од дневно дозволеното. За да биде иронијата поголема, некои во одбрана на режимот во раѓање велат дека ова е само друга страна паричката, а и самите не знаат дека веќе почнаа да се коваат парички само со нивната страна на паричката. Долу режимот. Да живее Македонија.Борците за слобода на на говор кои воедно го носеа дресот на противници на говорот на омраза станаа извор на истиот тој говор на омраза против кој