Приказната на авторот Џонас Кофлер е вистинита, потресна и ќе ве замисли, а ако сте доволно храбри ќе ви ги отвори и очите. Кофлер како млад ја добил работата од своите соништа, но не успеал да се справи со притисокот што му го наметнале обврските.
– Мојата амбиција растеше. Успеав да напредувам и да ги преживеам отпуштањата. За неколку месеци се најдов во улога на водач на тим од дизајнери, програмери, експерти, продавачи и писатели. Поминував 70 часа на работа во текот на неделата, а понекогаш и повеќе доколку имавме рокови. Често бев прв што доаѓа и последен што си оди. Но, бев и повеќе од среќен што можам да вложувам во својата работа.
За да го одржам темпото, се ставив себе си на само тортура што значеше предозирање со кофеин и дремење наместо вистинско спиење. Имав 26 и се чувствував непобедливо. Мислев дека можам да се справам со притисокот, па ги игнорирав главоболките, заматениот вид и генералната изнемоштеност.
Едно утро во летото 2001-ва, стигнав во канцеларијата, по што почувствував зуење во десното око и губење на осетот во рацете, но помислив дека е утрински замор. Малку подоцна имав презентација пред тимот и еден од колегите ми рече дека устата ми се искривила додека зборовите ми станале неразбирливи.
Следното нешто што го знам е дека некој ми рече: Имавте мозочен удар. Мораме да ве снимиме за да откриеме што се случува. Дали ме разбирате што ви велам?
Бев во своите 20-ти и мојот мозок беше оштетен. Не можев да ги артикулирам своите мисли на докторите и сестрите. Иако зборовите беа тука и можев да ги видам во мојот ум, не можев да ги изговорам. Се уште имав чувство на треперење во рацете и не можев да си го напишам името по скенирањето на мозокот зошто не можев да се сетам како се пишува.
Кога ме пуштија од болница, таксистот ме праша каде да ме однесе, а јас не го знаев името на својата улица. Му ја дадов отпусната листа со мојата адреса на неа, стигнав дома и спиев долго време.
Со оглед на годините, никогаш не сум ни помислувал дека би можел да имам мозочен удар. Но, тогаш дознав дека постои пораст на мозочни удари кај младата популација. Мојот доктор не ми рече дека сум имал удар поради преголема работа, но го поврза со стрес, умор и преоптовареност.
По мозочниот удар се вратил на работното место и со помош на колегите повторно влегол во форма, но овој пат наместо да работи прекувремено и да се фокусира само на работата започнал да се фокусира и на себе си.
– Дури и ден денес, кога имам неколку обврски и често патувам, наоѓам време да се откачам од дигиталниот свет и да се вклучам во она што навистина значи: време со луѓе кои ги сакам, време за креативност и време за природа. Што се однесува до мојата кариера, на неа гледам како на низа значајни проекти, наредени еден врз друг, при што ниту еден од нив не одзема премногу.
Денес се работи со преоптоварување. На тој начин амбициозните како нас се фаќаат во магичниот круг, што може да биде мошне опасно, како што покажа моето искуство. Мошне опасно за нас е да ги ловиме можностите и да дадеме сè од себе за да одиме напред. Ова е динамичната тензија со која се соочуваме во креативната економија. Ако сакаме повеќе, мораме да дадеме повеќе, но мораме да бидеме свесни што сè можеме да загубиме во процесот. И додека супер е да се биде амбициозен, мораме да научиме да ги читаме знаците, да се повлечеме и да го намалиме темпото кога треба. Треба да направиме простор за работата, но и за животот.Кофлер како млад ја добил работата од своите соништа, но не успеал да се справи со притисокот што му го наметнале обврските.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.