Вистинита приказна: „Морав да ја дадам ќерката, бидејќи плачеше од глад“

Матес Неонски (38), од Хрватска, ја раскажува својата потресна приказна од која сигурно ќе ви потечат солзи. Тој раскажува за периодот кога морал да ја даде ќерката, пред да ја почувствува хуманоста на луѓето кои му помогнаа да го врати семејството во целост.Поради сиромаштијата во која тие живееле, неговата жена со помалата ќеркичка заминала кај мајка си, а тој останал со 4 годишната Неа. Но, откако западнал во сѐ поголема сиромаштија, морал да ја даде во центарот за социјални работи. За неговата сиромаштија виновна е неговата добрина, велат соседите. Првата сопруга го оставила со долгови.
Имено, додека тој бил во војска таа имала пристап до неговата сметка. Ја испразнила сметката и му оставила и долг од околу 10.000 куни. Tогаш го оставила. По неколку години ја запознал својата втора жена. Бил во армија за време на војната и добил пензија поради служење во војска, но потоа не можел да остане глув на молбите на неговата сестра да подигне кредит на негово име за таа да изгради куќа.
Го сторил тоа – но, ратите сестрата не само што не ги плаќала туку и не сакала да разговара со него. Така, тој последните години од пензија која изнесувала 3.037 куни, добивал само 127 куни.
„Од утро до вечер јас бев во движење. Не ми беше срам на крајот и да просам по куќи да барам храна и да молам. Како да ми е срам кога децата ми беа гладни“. А тој веќе 3 години јадел само леб и маст.
И центарот за социјално и соседите велат дека тој е добар татко. Децата секогаш биле уредни и насмеани, а тој бил околу нив.

Тој се обратил до медиумите – не бара многу, кој колку има градежен материјал, мајстори кои би се согласиле да му помогнат – нешто било што. Веднаш по објавувањето на сторијата неговиот живот се промени, а тој се насмеа по долго време. Тотален странец му гради куќа – а помош пристигнува од целиот Балкан.
Иселеник од Хрватска кој со години живее во Швајцарија бил на одмор во родниот крај кога ја прочитал приказната за овој несреќен татко. Веднаш го запалил автомобилот и отишол да ја најде куќата. Матес не бил дома, но човекот ги измерил сите врати, ѕидовите и веднаш нарачал градежен материјал и ангажирал мајстори – потоа отишол во центарот за социјално и им ги кажал плановите.Таткото не можел да поверува што слуша.
Освен тоа, сосед од селото му ја отстапил својата куќа да престојува со девојчето во неа додека неговата не биде готова. а освен што од цела Хрватска пристигнуваат пакети, бела техника, гардероба и храна, помош добил и на сметката на ќерката која ја отворил за оваа намена со помош на центарот за социјално.
„Ништо нема да биде неискористено – до сите добри луѓе од целиот Балкан им благодарам и ветувам – тоа што мене нема да ми треба ќе го дадам некому кому навистина му е потребно. Не можам да дочекам моето дете да ја види собата полна со играчки, леле која среќа ќе биде тоа за неа. А фрижидерот е преполн со храна која со години не сум ја ни видел ни помирисал. Вчера јадев грав – дали знаете која гозба беше тоа за мене“, вели насмеаниот татко кој во среда ќе биде повторно со својата ќеркичка, бидејќи центарот одлучи дека може да му ја врати.Поради сиромаштијата во која тие живееле, неговата жена со помалата ќеркичка заминала кај мајка си, а тој останал со 4 годишната Неа. Но, откако за

Пронајдете не на следниве мрежи: