„Секси убавица влегува во автомеханичарска работилница и му дава на мајсторот неморална понуда. Знам, звучи како сцена од третокласен еротски филм, но на мојот сопруг тоа навистина му се има случено“.Роберт му беше пријател на мојот сопруг, но и партнер во работата. Тој го наговори да ги напуштат своите работни места и сами да покренат бизнис. Едно време бизнисот им цутеше, но последните неколку години едвај спојувавме крај со крај.
Луѓето едноставно немаат пари, ми објаснуваше сопругот. Такви се времињата, на никому не му е лесно.
Извесно време молчејќи го пиевме пивото, кога мојот сопруг реши да прозбори.
– Денес во работилницата дојде една жена со џип. Поради тешката финансиска ситуација немав делови за автомобилот, а таа ужасно се вознемири.
Затресов со главата.
– Па можела да предвиди дека во таква работилница нема да најде скапи резервни делови. Зошто не отишла во сервисот каде што обично ѝ го поправаат автомобилот?
– Се расипал во близина. Успеав некако да го оспособам, а плус и нарачав оригинален дел – ми објасни Дејан и повторно залута со мислите.
– Еј, Дејан. Земјата ја повикува Месечината. Кај отиде?
– Ма, размислувам за она што ми го кажа.
-Да? А, што ти кажа?
– Ја знаеш онаа голема куќа на ридот? Епа, таа размислува да ја купи. Освен тоа, таа ми понуди и навистина недвосмислена понуда.
– Каква понуда?
– Сексуална – рече тој, поцрвенувајќи во лицето.
– Почна да флертува со мене. Станав нервозен и воопшто не знаев како да реагирам. Потоа ми понуди дека ќе спие со мене ако го поправам џипот.
Гледајќи го и слушајќи го, останав вкочанета. Дејан беше згоден маж. Можев да замислам дека некоја богата жена ќе посака да го однесе во кревет. Но, тој е мој сопруг! Се познававме уште од средно школо и јас му бев прва и единствена девојка. Со оглед на неговата срамежливост, бев сигурна дека тој не би можел да ме остави поради друга жена. Барем мислев така.
Поминаа четири дена, откако го водевме овој разговор. Кога тргнавме да си легнеме, Дејан повторно ја спомна непознатата жена.
– Ја знаеш онаа жена која ти ја спомнав пред некој ден? Конечно ја купи куќата на ридот и ме повика да ѝ помогнам со реновирањето. Не беше посебно вознемирена што сѐ уште не пристигнаа деловите за џипот, но затоа ми понуди 5 евра од час ако ѝ помогнам со реновирање. Што мислиш?
– Мислам дека таа жена нема попаметна работа.
– Не знам зошто се лутиш. Емануела само ми понуди екстра заработка.
– Емануела?
– Тоа е нејзиното уметничко име.
Му се налутив и станав од кревет. Наредниот ден ми рече дека Емануела повторно дошла во работилницата и дека конечно го вградил нарачаниот дел. Во знак на благодарност, таа нѐ повика двајцата во нејзината нова куќа. Се двоумев дали да одам, но мојот сопруг беше многу возбуден.
Дојде сабота. Пред тоа ги оставивме децата кај моите родители и отидовме кај Емануела. Срдечно нѐ поздрави и влеговме во трпезаријата која беше голема колку нашата цела куќа. Таванот сигурно беше висок три метри, а низ високите заоблени прозорци паѓаше светлина на подот.
Од кујната дојде нејзиниот сопруг Лео, кој рече дека е режисер и дека снима кратки филмови.
Љубезно нѐ покани да седнеме на каучот за подобро да се запознаеме. Рече дека во Германија има успешна филмска продукција и дека се во потрага по свежи лица. Сѐ уште не знаевме за што точно станува збор. Лео стана и отиде некаде. По неколку минути се врати со куп листови во раката, за кои подоцна се испостави дека се сценарио за неговиот најнов проект. Гледајќи го насловот, сфатив за какви точно филмови станува збор. Бев шокирана.
– Дејан, може ли малку да дојдеш на страна?
– Кажи душо.
– Дали виде каков филм има во план да снима?
– Знам.
– Молам, како, од каде?
– Ќе се изненадиш кога ќе ти кажам дека нѝ понудија 20.000 евра за истиот.
Не ни сакав да помислам на тоа. Ги побарав клучевите од колата за да си одам, но Дејан не ме пушти. Долго разговаравме во ходникот, сѐ додека не ме убеди дека тоа е единственото решение за излез од нашата состојба.
Наредната вечер го снимивме филмот и по недела дена ги добивме ветените пари. И до ден денес не знам како се согласив да го направам тој чекор. Секако дека не се гордеам со постапката, но им ставивме крај на финансиските проблеми. Бизнисот цути, ги плативме хипотеките и живееме подобро од било кога. Кој би рекол дека животот ќе нѝ понуди такво решение за решавање на проблемите?
Дали ја оправдувате нивната постапка?
*Поради заштита на приватноста, имињата на личностите се изменети.Роберт му беше пријател на мојот сопруг, но и партнер во работата. Тој го наговори да ги напуштат своите работни места и сами да покренат бизнис. Е



