Вистинска љубовна приказна како од филм: Нивниот лет бил откажан, чекале на аеродром..

Дека никогаш не се знае каде не чека љубовта, доказ е и оваа приказна.  Откажан лет и неколку часа на аеродром биле доволни овој пар да се запознае и вљуби. Сега само 18 месеци подоцна, Канаѓанката Кирстен и Британецот Дерен купиле заедно куќа и наскоро планираат да се венчаат. Нивната приказна подсетува на холивудски филм, а почнала  во јуни 2014 година на аеродромот во Торонто, Канада.
Кирстен (26) тргнала во Кенија, за да волонтира. Штотуку имала болно раскинување на љубовна приказна.
Тогаш на аеродромот го запознала Дарен (33) кој го чекал истиот одложен лет. Таа му пришла на Дерен и неговиот пријател Алекс за да се информира каде исчезнале сите патници. Имено, имала слушалки на ушите па се исплашила да не го пропуштила летот. Но, сите добиле бон за храна, па отишле да јадат.
Алекс и Дерен ја повикале Кирстен да седне со нив, па така поминеле  неколку часа чекајќи на аеродромот. Кога конечно се качиле на авион, покрај Дарен местото било слободно.
Додека другите спиеле, тие двајца уживале во разговорот.

 
„Разменувавме животни приказни, но мислев дека никогаш повеќе нема да го видам“.
Кристен останала месец ена во Кенија, а секој ден разменувале пораки. На враќање за дома, се случило нејзиниот лет  од Лондон за Токио да се откаже, па можела да остане преку викендот. Излегла со Дерен, а тој  ја повикал на роенденот на сестра му. Попријатното време кое го поминале заедно, разделбата била тешка.
„Најтешко беше на аеродром. Не знаев кога повторно ќе ја видам. Тогаш знаев дека ја сакам“, вели Дерен.
Штом му се укажала прилика, Дерен отпатувал во Канада и останал три седмици. Подоцна и Кирстен отишла кај него во Лондон.
„Се се случи толку брзо, но некако природно. Добив работа, купивме заедно куќа. Фантастично е“
Во август минатата година Дерен ја запросил Кирстен Сега само 18 месеци подоцна, Канаѓанката Кирстен и Британецот Дерен купиле заедно куќа и наскоро планираат да се венчаат. Нивната приказна подсетув

Пронајдете не на следниве мрежи: