Вистинска мистерија: Повеќе од 150 години никој не знае од што починал Едгар Алан По

Едгар Алан По е претставник на американскиот романтизам. Тој е писател, поет, уредник и критичар. Познат по своите мрачни и мистериозни приказни, тој се смета за творец на детективскиот жанр. Неговото творештво помага за појава на научната фантастика во литературата. Иако важи за фантастичен литературен гениј, животот на Едгар Алан По бил краток и несреќен.Родителите му починале кога тој бил уште дете. Одгледан е од семејство во Балтимор. Во 1835 година, 27-годишниот Едгар се жени за својата прва братучетка Вирџинија Елиза Клем По, која едвај имала 13 години.
Младата жена се разболела од туберкулоза во 1842 година и умира пет години подоцна. По веќе има проблем со пиењето, но тој се продлабочува уште повеќе по смртта на Вирџинија. На крајот на летото на 1849 година во Ричмонд, Вирџинија, тој ѝ предлага брак на Сара Елмира Ројстер, но нејзиниот татко не го одобрува нивниот брак.
На 27 септември 1849 година го напушта градот и се упатува кон Филаделфија. На 3 октомври случаен минувач забележува По паднат на земја во близина на ирски паб во Балтимор, Мериленд. Кога д-р Џозеф Снодграс пристигнува, го наоѓа својот 40-годишен пријател исклучително пијан, речиси во несвест. Писателот носи евтина облека што не му е точна и најверојатно дури и не е негова.
Бил примен итно во болница, каде што паѓа во несвест. Алан По умира во 5:00 часот, на 7 октомври 1849 година изустувајќи ги последните зборови: „Господи, помогни ѝ на мојата бедна душа.“
Смртта на писателот останува мистерија повеќе од 150 години
Не е издадена посмртница, а локален весник објавува како причина за неговата смрт згрутчување во мозокот предизвикано од алкохолно труење. Набрзо откако си оди од овој свет, неговиот литературен противник, Руфус Грисволд, го опишува како морално сиромашен алкохоличар и женкар.
Грисволд ја пишува и првата биографија на По, која го создава јавното мислење за писателот, а подоцна станува јасно дека книгата е исклучително претерана во негативна насока.
Историчари и биографи нудат различни верзии за неговата смрт – епилепсија, повреда на мозокот, туберкулоза, колера, сифилис и дури беснило.
Друга популарна теорија е дека најверојатно По станува жртва на нешто што во тоа време се случува во Балтимор – политичари им плаќаат на криминалци да киднапираат луѓе, претежно бездомници. Жртвите се напиваат, маскираат и се терани на сила да гласаат повторно и повторно на различни избирачки места, по што се оставани да умрат.
Поддржувачите оваа теорија се фокусираат на несоодветната облека на По чија големина не одговарала на неговата физичка конструкција, а исто така и дека во тие денови во Балтимор имало избори.
Ирскиот бар пак, до кој е пронајден, е функционирал како паб и како избирачки пункт.
Теоријата звучи веродостојно, но сепак е само теорија, штом е недокажана. Така, смртта на еден литературен гениј останува мистерија повеќе од 150 години, сѐ до денес.Родителите му починале кога тој бил уште дете. Одгледан е од семејство во Балтимор. Во 1835 година, 27-годишниот Едгар се жени за својата прва брат

Пронајдете не на следниве мрежи: