Отворањето на шеснаесета по ред Модна недела во Скопје есен-зима 2017/2018 започна со спектакуларно модно шоу на дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски. Приказната за потопот на билбиските градови за Содома и Гомора беше пресликана во модни парчиња на пистата кои моделите ги презентираа. На сцената доминираше црната боја, претставена во мат и сјајни варијации, како и сиви тонови, бела и цигла боја а модните парчиња изработени беа од еко-кожа, свилен шифон, штоф, жоржет, скај и мрежа.
„Подем на гревот е раскошна и драматична колекција, вистинска симбиоза на библиската приказна за Содома и Гомора, поврзана со блискиот исток, како денешна територија, каде што се смета дека се наоѓале овие два града, спакувано во една современа форма окарактеризирана со провокативност и сексапил. Сите мои љубители на модата, благодарам што присуствувате и уверен сум дека уживавте во една поинаква приказна креирана од мене“ вели Папаз.
Тимот кој работеше на оваа ревија е до сега проверена за него, музиката ја направи Димитар Андоновски која имаше силен печат кај публиката. Поддржувачи на настанот се Министерство за Култура на Република Македонија, Институтот за истражување во животната средина градежништво и енергетика ИЕГЕ, Pixel print и Симпекс.
Минатата година Папаз имаше свое прво претставување на Моден викенд со Враќањето на Антихеројот.
На сцената доминираше црната боја, претставена во мат и сјајни варијации, како и сиви тонови, бела и цигла боја а модните парчиња изработ