Реалната „Заспана убавица“, Хелен Вотерсон (36) страда од ретка болест, поради која спие дури 21 часа дневно, а останатите три часа останува будна благодарејќи на разните лекарства.Хелен не очекува дека нејзината приказна ќе има среќен крај.
– Заспаната убавица се буди од сонот во бајката, а јас спиејќи го живеам животот. Имам чувство дека сум месечар. Ги пропуштив сите поважни моменти од мојот живот. Немам никаков социјален живот. Со оваа болест не се живее, само се постои – вели таа.
Хелен има тн. Клајн-Левинов синдром, наречен и синдром на „заспана убавица“ за кој не постои лек, а на светот има околу 1.000 заболени.
Хелен е во постојана агонија и она малку време кога е будна, таа го поминува на кауч. Овој синдром исто така влијае и на меморијата. Кога го гледа семејниот албум, Хелен не се сеќава на празниците ниту родендените, иако се наоѓа на фотографиите.
Таа не се сеќава на првиот ден од училиште, ниту првиот бакнеж.
Болеста ѝ била дијагностицирана пред четири години, но таа уште од детството знаела дека нешто не е во ред. Се чувствувала исцрпено, а луѓето претпоставувале дека е мрзелива и глупава.
Таа на никого не му се обратила за помош, бидејќи никој не верувал дека е болна. Таа може да остане будна благодарејќи на лековите, но има нуспојави – силни болки во мусклите, грчење на лицето, црни дамки по кожата и сл.Хелен не очекува дека нејзината приказна ќе има среќен крај.
– Заспаната убавица се буди од сонот во бајката, а јас спиејќи го живеам живот



