Вистинската вистина

Романтичарите меѓу луѓето ќе речат дека вистината нема цена, но тоа е веќе стара, неупотреблива вистина за светот во кој живееме денес. 21-от век, ерата која според истите тие романтичари требаше да ни донесе мир, слога и благосостојба, времето во кое преку глобалното умрежување информациите станаа подостапни од било кога, вистината доби на цена, стана комодитет со кој се тргува. Јасно ви е дека ги користам термините информација и вистина како синоними но тоа никако не е моја идеја, добредојдовте во 21-ви век пријатели.Ова е век во кој вистината престана да биде етичка категорија. Нема етика во комодитет за трговија. Тоа го видов со сопствени очи далечната 1999 година за време на нападите на НАТО врз тогашна СР Југославија, т.е. заедницата меѓу Србија и Црна Гора што го сакаше легитимитетот без долговите на бившата СФРЈ. Пријател кој тогаш работеше како снимател во една наша телевизија, случајно налетал на Лајв известување од војната во Косово на познатата новинарка на CNN Кристијан Аманпур кое се одвивало на кејот на наш Вардар на потегот зад  хотелот Александар Палас. Познатата новинарка известувала од „лице место“ како српските сили нападнале и уништиле некое косовско село  кое потоа го запалиле а кутрите косовари кои останале живи тргнале да бегаат и направиле импровизиран камп недалеку од селото. Всушност сликата го покажуваше наѓ вардар како тече, една импровизирана ромска населба во позадината и запалени 10 гуми од трактор на другата страна. Кога чадот станал доволно густ за да се направи кадар во кој не се гледаат објектите во позадина, снимањето од „лице место“ можело да почне. Така светот „виде“ како лошите Срби запалиле село во Косово, претходно убивајќи незнаен број на мажи ,жени и деца а репортерката со вџашен израз на лицето го молеше светот да побара помош од НАТО ( читај САД ) за да ги ослободи овие кутри луѓе од тиранијата. За кратко време потоа почнаа и нападите и сите знаеме како тоа заврши. Известувањето на Аманпур беше продолжение на информациите на Вокер кој неколку месеци пред тоа беше во Косово за да констатира геноцид за да се оправда НАТО интервенцијата но имаше слаб успех кога беше откриен како прикажува луѓе умрени од природна смрт па откопувани од гробовите како жртви на режимот на Милошевиќ. Тоа ви се вика драги мои модерна ПР кампања. Ако до 1999 и Косово бевме по малку на страна од овој глобален феномен, по Косово 1999 станавме главен експериментален полигон за ваквите девијантни вистини. Па се случуваа Ирак, Египет, Либија,Сирија, Украина, Тунис, Хаити,…. Ширум светот изникнаа диктатори и режими кои порано не можевме да ги забележиме.
      И научивме, добро научивме што е модерното толкување на терминот вистина. Тоа е информација која не мора да биде вистинита но со добро дозирање и одреден квантум на корисни идиоти кои ќе ја поддржуваат и имплементираат на терен пропагандата, може да се искористи во пргматично добивање на корист од секоја ситуација. Сите знаеме дека најчесто и иницијалниот импулс и користа одат во 90% случаи на контото на единствената преостаната империја во светот по падот на Варшавскиот Пакт.
       И како што секојдневно гледате на Топ Шоп каналите по нашите телевизии, секогаш има едно „Но тоа не е се! “ на крајот. На крајот кој всушност не е крај ами последен удар врз вашите сетила дека токму тој производ е токму за вас, а добивате и нешто гратис. Извртувањето на вистината во овој век на достапност на информации добива нов пик во кој што маркетинг агенциите и ПР пропагандата се трудат да ги исклучат и вашите сетила од равенството. Да ви докажат дека тоа што го гледате, слушате, вкусувате, допирате не е баш тоа што вие мислите, туку нешто сосем друго кое вашите сетила не знаат правилно да го процесираат па затоа ви е потребна нивна помош за да стигнете до вистинската перцепција. Тоа е оној Месија пристап во кој ништо не е онака како што се гледа туку како што спин докторите ќе ви го претстават и преџвакаат. Ваше е само да зинете и голтнете. Тоа е таа тенденција комплетно да се исклучи вашиот мозок, логика и моќ за расудување од равенството, за да може да ви продаваат фалш производи. Така дојдовме до стадиум во кој не е битно што е вистинито туку како лагата или полуинформацијата ќе се спакува и понуди на општата популација. Општата популација драги мои сме ние. И јас и вие и сите. И сведоци сме на овој нов глобалистички тренд секојдневно. Гледате и сами. Триумфалната порта Македонија прво беше скапа, па ружна, па направена со наши пари, па во неубав стил (барок) па…… Па најубаво е нели да го исклучиме мозокот и да речеме ОК, така е. И не треба да прашуваме зошто, а ако се најде некоја залутана особа како мене што сеуште го преферира рациото пред сетилата тие (експертите за вистина)  подготвуваат нова доза „информации“ за такви како мене. Ако речам мене ми е убава портата – тогаш автоматски сум селанец и копук без чуство за уметност. Поубава е сега, вака измачкана – ќе речат тие, поп арт било тоа и ти не го разбираш. Ок луѓе, но не мислам дека поп- артот треба да се практикува врз јавни објекти, нели е тоа нарушување на комформизмот на мене како граѓанин. Е тогаш се веднаш спремни за одговор – портата била персонификација на крадењето на режимот и ти си негов поддржувач. А собранието барок ли е? Ќути ти си глупав. И така, во недостаток на аргументи а кога општата популација не ти го голта спинот – почнуваат етикетите и одиме одново, со нов ред полувистини, брутални лаги и ПР перформанси како подршка. Така доаѓаме до фактот дека 4 балкански држави имаат најголем број на одселени млади луѓе во моментот. И сите 4 во исто време ! Логички неможно, но вас не ви треба мозок кога се „виши цели“ во прашање нели? Затоа не се исчудувајте од проекти како едитираната „Вистина за Македонија“ на СДСМ и Заев, зошто нивните „вистини“ секогаш имаат потреба од дообјаснување и наратив. За таквите вистини е неопходно да ви објаснат што сте чуле и виделе и да го исклучат вашиот ум и логика од процесот. Не им дозволувајте. За разлика од тоа, сеуште постои вистината на која заборавивме,онаа етичката вистина која не познава време и простор, онаа вистина која не важи само за индивидуи и не и треба дообјаснување. Тоа е вистината која можеме да ја видиме, чуеме, вкусиме и допреме но исто така можеме и да ја почуствуваме и процесираме. Таа вистина, вистинската вистина е насекаде околу вас. Дишете ја, мислете ја, помирисајте ја, пуштете ја да влезе. И не ви треба ниту весник ниту сајт ниту медиум да ви ја пренесе, сами можете до неа. Треба само храброст и одважност да прашате, Зошто? Како? Од каде? Кога? И секако да процесирате, да ја пуштите информацијата низ сите сетила и никако не го заборавајте умот и повикајте се на разумот. Или едноставно следете ги десетте заповеди, тие опстојале 2 милениума и тоа не е случајно. Потрагата по вистината не е лесна но немојте да бидете мрзеливи, зошто  само така
ЌЕ ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Месија пристап
Пр Вистина
Алекс Ванко
Писател, филозоф, аналитичар

Пронајдете не на следниве мрежи: