Витаминот Ц сојузник во борбата со ракот

Внесувањето на определено количество на витамин Ц во организмот на пациент кој има рак ќе ја зголеми ефикасноста на лековите и ќе ги намали негативните ефекти на хемотерапијата. Студијата објавена во Јournal of Science Translational Medicine укажува на тоа дека големите количества од овој витамин навистина ги намалуваат негативните ефекти од хемотерапијата, но само доколку се внесува интравенозно. 
Научниците го анализирале влијанието на витаминот Ц врз различни типови на клетки заболени од рак во лабораториски услови. Кога големи количества од витаминот влегле во просторот помеѓу клетките, се формирал хидроген пероксид.

Според еден од авторите на студијата, Qi Chen, оваа состојка дејствува врз канцерогените клетки на повеќе начини и тоа преку уништување на нивната ДНК , напаѓање на нивниот метаболизам и спречување на нивниот раст.
Со тоа лековите против рак полесно можат да дејствуваат врз организмот и да ја уништат болеста. Хидроген пероксидот се покажал како сосема безопасен за здравите клетки најверојатно поради што канцерогените клетки имаат понеефикасен начин на претворање на гликоза во енергија.
Некои доктори покажуваат резерва во однос на витаминот Ц кој е познат и како антиоксиданс. Тие се плашат дека витаминот во некои случаи можно е да го намали ефектот на анти-канцер лековите кои го уништуваат туморот по пат на оксидација. Сепак, научниците кои работеа на студијата велат дека со интравенозното внесување на витаминот Ц концентрациите на витаминот ќе бидат толку големи што тој ќе започне да се однесува како оксиданс.
Извор: IDIVIDIСтудијата објавена во Јournal of Science Translational Medicine укажува на тоа дека големите количества од овој витамин навистина ги намалува

Пронајдете не на следниве мрежи: