Брзите и фини напитоци се идеален појадок или ужина која можете да ја понесете на работа.Разбудете се со комбинацијата од лимон, портокал, мандарина, киви и сок од лимета, а не заборавајте ни на зелениот зеленчук кој е богат со витамини, магнезиум и железо.
Искористете ја и моќта на зачините па уфрлете и изрендан ѓумбир, целер или магдонос. За да го ублажите вкусот на зеленчукот, во напитокот додајте јогурт или зобени снегулки.
Кралицата на овошјето за подигнување на енергијата е бананата па освен наутро, за појадок одлични се и смути-напитоците по тренингот. Во густите сокови додајте и оревести плодови. Одлични додатови се и семки како сусам, ким или сончоглед.
Напиток со цвекло
Состојки
Помала главица цвекло, шаргарепа, јаболко, ½ шолја вода, 2 ротквици, ½ лажички сончогледови семки, една лажичка мед.
Подготовка
Излупете го цвеклото, шаргарепата, јаболкото и ротквиците. Испасирајте па додајте вода. Вметнете сончогледови семки и додајте го медот. Миксајте се додека не запени.
Енергетска бомба со шаргарепа, јаболко и портокал
Состојки
Шаргарепа, целер, ½ црвена пиперка, портокал, корен од ѓумбир, јогурт, јаболко.
Подготовка
Исчистете го јаболкото, шаргарепата и целерот а од пиперката извадете ги семките. Излупете го портокалот и изрендајте го ѓумбирот. Се ситно исецкајте. Шаргарепата, целерот, пиперката, портокалот, ренданиот ѓумбир и изренданото јаболко ставете го во блендерот, додајте го јогуртот и добро испасирајте. Разбудете се со комбинацијата од лимон, портокал, мандарина, киви и сок од лимета, а не заборавајте ни на зелениот зеленчук кој е богат со витамини



