Витаминска бомба за студените денови

Есента е вистинско време за консумирање на шипка која содржи повеќе витамин Ц од лимонот и сите други плодови, а одлична е за припрема на чај, сируп, ликер, мармалад и слично.Црвените плодови кои растат во големи грмушки, освен со витамин Ц, изобилуваат и со витамините Б12, Б2, Б1, К и А.  
Шипката е одлична во лекување на разни заболувања. Со редовната употреба на чајот од шипка ќе му обезбедите на организмот оптимална количина на витамин Ц која ќе ги спречи зимските настинки и инфекции.
Овој лековит напиток е најефикасниот и најевтиниот начин да го заштитите организмот во текот на зимата со внесување на аскорбинска киселина. Шипката можете да ја користите и при намалување на телесната температура и лекување на грипот.
Плодовите на шипката можат да помогнат и во намалување на крвниот притисок. Благодарение на високата содржина на влакна, шипката го регулира варењето, а пектинот ги врзува отпадните материи во цревата. Со тоа што во тие материи се вбројуваат и мастите, тоа директно влијае врз нивото на холестерол во крвта.
Според истражувањето на лекарите, шипката изобилува со антиоксиданси кои го чуваат здравјето на срцето и крвните садови. За подобрување на имунитетот и превенција, експертите препорачуваат консумирање на 2,5 децилитри свеж сок од шипка дневно.
Сокот од шипка е еден од најздравите напитоци бидејќи има силно антиоксидативно дејство, посилно дури и од црвеното вино и зелениот чај.Црвените плодови кои растат во големи грмушки, освен со витамин Ц, изобилуваат и со витамините Б12, Б2, Б1, К и А.  
Шипката е од

Пронајдете не на следниве мрежи: