Витаминска паста за непобедлив имунитет

Витаминската паста на докторот Николај Амосов, познат украински кардиохирург и академик, е корисна за срцето бидејќи го зајакнува срцевиот мускул и го подобрува имунитетот.Овој лекар е познат по новите методи на хируршки операции на срцето, а неговиот “лек” е извор на витамини, антиоксиданси и микроелементи кои му се потребни на срцето, но и на целиот организам. 
Зошто треба да се конзумира Амосовата паста
го зајакнува имунолошкиот систем
го зајакнува срцевиот мускул
ја зголемува еластичноста на крвните садови
ја нормализира циркулацијата на крвта
има антивоспалителен ефект
содржи витамин Ц, кој помага во асимилација на железото
Рецепт за Амосовата паста:
Пастата е вкусна и се припрема од мешавина на суво овошје. Основата за пастата се мед, ореви и лимон во комбинација со суво овошје како што се смоквите, сувите кајсии, грозјето, сливите и урмите.
Состојки:
250 гр. суви кајсии
250 гр. суво темно грозје
250 гр. суви сливи
250 гр. суви смокви
1 лажичка ореви
1 лимон
250 гр. природен мед
Подготовка:
1. Ставете го сушеното овошје во блендер и измиксирајте.
2. Измијте го лимонот, исечкајте го на парчиња, отстранете ја лушпата и додадете го во садот.
3. Сипете го медот и останатите состојки и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
4. Вака подготвената паста чувајте ја во фрижидер.
Конзумирање:
Пастата може да се консумира и на празен желудник бидејќи не предизвикува иритација на стомакот и цревата. Потребно е да консумирате една лажичка три пати дневно, а на децата давајте им по една лажичка дневно.Овој лекар е познат по новите методи на хируршки операции на срцето, а неговиот “лек” е извор на витамини, антиоксиданси и микроелемент

Пронајдете не на следниве мрежи: