Соковите Вива, произведени од компанијата Вивакс, се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија, што претставува потврда за нивниот висок квалитет, природните состојки и отсуството на конзерванси и вештачки додадатоци.„Здружението на педијатри на Македонија беше детално запознаено со производниот процес на нашите сокови и токму тоа ги убеди во квалитетот што го создаваме. Сепак станува збор за врвна технологија и високи стандарди што ги следиме како компанија изминативе две децении. Потврдата од нивна страна е всушност само потврда за високиот квалитет на нашите производи.Токму добиената потврда од Здружението на педијатри е причина и за започнување на кампањата за едукација на потрошувачите, во поглед на консумирањето течности, со цел разјаснување на дилемата што е здраво, а што не. Здружението од медицински аспект ќе ги објасни основните суштински начела кои што секој потрошувач треба да ги знае, а ние од технолошки и производствен аспект ќе ја објасниме целокупната процедура на производство на сокови“, изјави Тања Атанасова, маркетинг менаџер на Вивакс.
Кампањата, иницирана од најголемиот производител на сокови во Македонија, е насочена кон сите потрошувачи, но најмногу кон родителите со цел да се заштитат најмладите потрошувачи, децата, од консумирање на неквалитетни сокови. Доедукацијата како потреба произлегува и од зголемениот тренд за водење здрав начин на живот и консумирање здрава храна при што информациите најчесто се добиваат од интернет, и многу често се нерелевантни и не се медицински поткрепени. Истражувањата покажуваат дека многу мал процент од населението има навика да чита декларации на производите, а уште е помал процентот на оние кои што го разбираат составот и знаат што е добро и корисно за консумирање, а што не.
„Високиот квалитет на Вива соковите придонесе да отпочнеме кампања која што е во цврста корелација со начелата и принципите на нашата работа. Верувам дека Здружението на педијатри со едукативната улога во оваа кампања ќе даде дополнителен придонес за менување на ставовите и подигнување на свеста, пред сè кај родителите, за сите прашања поврзани со консумација на течности, сокови, како и вистинските придобивки од истите. Потврдата за квалитетот на Вива соковите од страна на Здружението на педијатри доаѓа како резултат на постојаниот развој и иновативност на компанијата Вивакс, што претставува доказ дека го имаме вистинскиот соработник за оваа кампања“, изјави Аспазија Софијанова, Претседател на Здружението на педијатри на Македонија.
Кампањата ќе опфати повеќе активности во насока на едукација и на возрасните и на младите, едукативни видеa и летоци со информативни содржини, како и едукативни посети на децата во производните погони на Вивакс.„Здружението на педијатри на Македонија беше детално запознаено со производниот процес на нашите сокови и токму тоа ги убеди во квалитетот шт