Кинеската компанија Vivo е редовен посетител на GSM.mk порталот, но тоа е од оправдани причини. Vivo го подготвува моделот X5 Max, кој ќе биде најтенкиот телефон на светот…Уредот има дебелина од само 4,75 милиметри, што е скоро двојно помалку од iPhone 6 (6,9 милиметри) и Galaxy Note 4 (8,5 милиметри). Компанијата постираше „тизер“ фотографија од уредот, а се очекува официјалната промоција да се случи наредниот месец.
Она што го знаеме засега (иако не е официјално потврдено) е дека телефонот ќе поседува 5,5 инчен FullHD екран на допир со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и ќе работи на Android 4.4
Спецификациите вклучуваат осум-јадрен процесор произведен од MediaTek, 2GB RAM и поддршка за LTE конекција.
На задната страна ќе се наоѓа камера од 13 мегапиксели, додека пак на предната страна не очекува 5 мегапикселна камера. Уредот најверојатно ќе биде изработен од метал.
Телефоните на оваа компанија досега се продавале само во Кина, па сеуште не се знае дали овој уред ќе биде достапен во Европа и другите континенти. Цената засега не е позната.
Извор: gsm.mk.Уредот има дебелина од само 4,75 милиметри, што е скоро двојно помалку од iPhone 6 (6,9 милиметри) и Galaxy Note 4 (8,5 милиметри). Компанијата пос