Кинеската компанија Vivo можеби не е толку позната надвор од својата земја, но веќе подолг период создава квалитетни уреди по пристапни цени. Минатата недела, компанијата го претстави најтенкиот телефон на светот…Оваа недела пак, се појавија гласини дека Vivo работи на нов телефон чија цел е да се натпреварува со најдобрите phablet-и (телефон + таблет) на пазарот. Односно, на посебна мета се наоѓаат новиот iPhone 6 Plus со 5,5 инчен екран и Galaxy Note 4 со 5,7 инчен екран.
Се шпекулира дека уредот на Vivo (засега наречен PD1305) ќе поседува 6 инчен QuadHD IPS екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели, а во внатрешноста ќе се наоѓа quad-core Snapdragon 805 процесор кој работи на 2,7GHz. Перформансите се надополнети со Adreno 420 графички процесор, 3GB RAM и простор за складирање на податоци од 32GB, кој можете да го проширите со помош на MicroSD картичка.
Повеќе на:gsm.mkОваа недела пак, се појавија гласини дека Vivo работи на нов телефон чија цел е да се натпреварува со најдобрите phablet-и (телефон + таблет) на па