Денес во просториите на Град Скопје се одржа прес конференција по повод претстојниот Виз Ер Скопски маратон чиј почеток илјадници натпреварувачи со нетрпение го очекуваат на 7ми мај, недела. Виз Ер Скопскиот маратон полека прерасна во еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.„За угледот и реномето на Скопскиот маратон исто така говори податокот дека тој е важен и за исполнување на норми за учество на сите најзначајни европски и светски шампионати, како и за Олимписките игри. Заедничката и посветена работа во изминатите години, професионализмот и упорноста во сите сегменти, доведоа до овие видливи резултати и факти. Ќе го потенцирам и тоа, дека за Градот Скопје и за Република Македонија маратонот има и културна, економска и туристичка димензија, потребна за афирмирање на имиџот на нашиот главен град и на нашата држава“, истакна Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје. Тој додаде дека и оваа година за оваа манифестација Град Скопје од својот буџет има издвоено 1.200.000 денари, а ги има ставено и на располагање сите јавни претпријатија под негова ингеренција, кои беспрекорно си ја вршат својата работа и за тоа им упати јавна благодарност.
„Со над 8.500 учесници од 51 држава од светот Виз Ер Скопски маратон повторно ги сруши границите на конвенционалното и од година во година тој станува еден од најпосетуваните и најинтересните настани во Македонија. Како организатори на оваа манифестација секоја година со помош на бројните волонтери, поддршката од институциите и компаниите се предизвикуваме и квалитетот на Виз Ер Скопскиот маратон е се подобар и подобар. Ги покануваме сите да го проследат настанот и да се забавуваат за време на маратонот, полумаратонот, трката од 5 километри и штафетната трка. Како промоторки на Виз Ер Скопски маратон оваа година ни доаѓаат трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лили и Лина Луик, кои минатата година учествуваа на маратонот на Олимписките Игри во Рио.“, порача Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.
Од организацијата информираат дека подигнувањето на стартните пакети за Виз Ер Скопскиот маратон 2017 ќе биде на 5ти и 6ти мај во Парк Хотел и Спа од 10 до 19 часот.
Насловниот спонзор на маратонот, Виз Ер, на секој учесник му доделува и вредносен ваучер од 20 ЕУР кој може да се искористи преку www.wizzair.com.
Во склоп на Виз Ер Скопскиот маратон ќе се одржи и Детски мини маратон во сабота, 06.05.2017, во 10.00 часот на кеј на реката Вардар, позади Парк Хотел и Спа. Партнери на Детскиот мини маратон се Македонски олимписки комитет и УНИЦЕФ.„За угледот и реномето на Скопскиот маратон исто така говори податокот дека тој е важен и за исполнување на норми за учество на сит