понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Визијата на Хенри Форд во новите автомобили

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Роден на 30 Јули, 1863 во Дерборн, Мичиген, Хенри Форд го креираше Ford Model T автомобилот и продолжи да ја развива производствената линијата на автомобили, која што ја револуционираше автомобилската револуција. Како резултата на тоа, Форд продаде милиони автомобили и стана светски позната компанија.
Овој генијалец во 1903 година ја создаде компанијата Ford Motors, а веќе во Октомври, 1908 година го претстави моделот Т кој направи бум на автомобилскиот пазар.
Хенри Форд набрзо стана познат не само по големиот профит кој го носеше неговата компанија, туку по неговата револуционерна визија: производство на евтини автомобили од способни работници.  
Со долгогодишното постоење на оваа компанија се уште е задржан и квалитетот на автомобилите, како и нивните примамливи цени. Денес, претворени во комфорни и динамични автомобили со врвни перформанси, Форд автомобилите се застапени во различни модели и бои, приспособени на дури и оние со најпребирлив вкус.
Како овластен застапник на овој бренд во Македонија, Ми-Да Моторс ви нуди на располагање голем број на модели на Форд автомобилите. Почнувајки од фамилијарни до спортски модели, Ми- Да Моторс може да се пофали со голем избор на Форд автомобили како Ford Fiesta, Ford Focus, Ford C-max и многу други.
Она што е значајно и претставува голем настан во автомобилската индустрија е овогодинешната прослава на сто годишнината од првата подвижна производствена линија и стои педесет години од раѓањето на човекот кој го измени начинот на кој живееме, Хенри Форд. По тој повод, Ми- Да Моторс ве поканува и вас заедно да прославите со ултра луксузно опремените автомобили.
За повеќе информации посетете го следниот линк. Роден на 30 Јули, 1863 во Дерборн, Мичиген, Хенри Форд го креираше Ford Model T автомобилот и продолжи да ја развива п

Поврзани вести