Вкупно 1.600 луѓе вработени по Рамковен седат дома земаат плата, а не сакаат да помогнат!

Како благодарност, 15 години по потпишувањето на Рамковниот, денес кога Македонија се соочува со една од најголемите елементарни непогоди, и кога секоја рака е добредојдена во помошта на настраданите, оние благодарение на притисокот на НАТО и САД денес седат дома и земаат плата, одбиле да бидат вклучени во помошта која се пружа на настраданите во погодените подрачја.Некои рамковно вработени, кои седат дома и земаат плата, одбиле да се јават на повикот на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор да помогнат во расчистување на куќите и дворовите на жителите што беа поплавени во катастрофалното невреме во Скопје и Скопско, со образложение дека институцијата треба да ги вработи наместо да ги повикува да чистат.
Потегот на Секретаријатот доброволно да ангажира рамковни што седат дома наиде на осуда кај неколку портали на албански јазик со оцена дека ова е последен од скандалите на владејачката ДУИ.
Од Секретаријатот за „Дневник“ потврдија дека ги повикале рамковно вработените да им помогнат на поплавените семејства, но неволно зборуваат колкумина одбиле да одат и да ги расчистуваат домовите во Сингелиќ, Арачиново, Економија… иако со месеци седат дома и земаат плата.
– Ги повикавме вработените административци кои с` уште не се работно ангажирани, на доброволна основа, кој може да дојде и да помогне во расчистување на куќите и дворовите во поплавените места. Ги повикавме машките бидејќи во поплавените подрачја е потребна физичка работа, да се извадат мебелот и покуќнината за да може побрзо да се оспособат домовите, да им помогнеме на луѓето. Еве утрово се јавија околу 250 административци од Скопје, Тетово, Kуманово и од Гостивар и ги распределуваме по групи од десетина да ги расчистуваат куќите.
Не можам да кажам колкав е бројот на тие што одбиваат бидејќи повикани се доброволно, станува збор за хуманост. Доколку беше наредба од Секретаријатот, ќе ги построев како војници и точно ќе се знае колкумина не сакаат да помогнат – ни изјави Ејуп Алими, државен секретар во Секретаријатот за Рамковниот.
Од Секретаријатот објаснуваат дека некои од рамковно вработените кои седат дома самоиницијативно се ангажирани, особено тие што имаат семејства, блиски или пријатели во поплавените села.
Моделот на вработувањето според принципот на правичната и пропорционална застапеност повеќе години трпи жестоки критики бидејќи етничките заедници, особено Албанците, се вработуваат во Секретаријатот без да бидат распределени на работни места во институциите. Ова значи дека тие седат дома и земаат плата, но не одат на работа. Распределбата по институциите на рамковно вработените трае и по неколку години, но тоа не е пречка тие редовно да земаат плата.
Според последните официјални податоци, од ноември 2015 година 1.600 рамковни седат дома и земаат плата. Тогаш државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахиу и официјално ја потврди бројката што неофицијално е објавена веќе поодамна дека 1.600 лица примаат плата од државата, а не одат на работа. Неофицијално, пак, се шпекулира дека таа бројка сега изнесува околу 3.000 лица и дека за платите за нив државата годишно троши речиси 40 милиони евра.
Според информацијата објавена во неколку портали на албански јазик, Секретаријатот ги поканил сите административци-Албанци што седат дома и земаат плата да одат во Сингелиќ да им помогнат на семејствата оштетени од поплавите.
„Новинската агенција ИНА дознава дека еден дел од административците истакнале дека се подготвени да помогнат во чистењето на оштетените куќи и места, а некои одбиле. Еден административец, кој седи дома, ја информира ИНА за последниот скандал на албанската владејачка партија.
– Kога ми се јавија на телефон, се израдував дека ќе ме примаат на работа. Имам желба и волја да ~ служам на мојата земја со образованието што ја завршив. Но, се зачудив кога ме поканија да чистиме во Сингелиќ. Им реков, јас со денови сум во Сингелиќ и им помагам на моите блиски. Вработете ме каде што ми е местото – вели неименуваниот административец.
Мариела ТраjковскаДневник.мкНекои рамковно вработени, кои седат дома и земаат плата, одбиле да се јават на повикот на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор да п

Пронајдете не на следниве мрежи: