Вкупно 270 мртви од почетокот на конфликтот во Украина

Од почетокот на конфликтот, 225 луѓе загинале во областа Донецк, а 45 во Луганск, стои во соопштението на украинското Министерство за здравство.Во операциите на украинската војска загинале 270 луѓе, а ранети се вкупно 713.
Украинскиот министер за здравство, Олег Муси, претходно рече дека десетици медицински установи во овие две области работат делумно, или пак воопшто не работат.
Украинската армија и понатаму продолжува со гаранатирање на Славјанск, пренесе Итар-Тасс.
Армијата на Украина вчера го гранатирала и селото Семјоновка, каде во тој момент се наоѓале неколку групи на руски новинари, но никој не беше повреден.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери, ја нагласи неопходноста Киев да ги сопре воените операции на југоистокот на Украина.
Украинскиот претседател Петро Порошенко не ја исклучува можноста за организирање на средба во Донецк, на која би учествувале различните страни во конфликтот, кои го поддржуваат неговиот мировен план.Во операциите на украинската војска загинале 270 луѓе, а ранети се вкупно 713.
Украинскиот министер за здравство, Олег Муси, претходно рече

Пронајдете не на следниве мрежи: