Црвениот крст на Република Македонија информира дека до денеска за настраданото население од поплавите собрани се 27.573.229 денари на сметката на Фондот на солидарност. Вкупно 4.684.782 денари се странски донации, а 22.888.447 денари од граѓани, институции и компании и од државата. Досега собрани се и 13.026.500 денари со повик на телефоните 075/070/077 143-400.Дистрибуирани се и 27.630 пакети со храна (еден пакет е наменет за четири лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 11.619 литри млеко, 15.422 литри јогурт, 3.918 пакети со хигиена, 583 бебешки пакети, 237 тони вода, 746 пакети пелени, 556 душеци, 4.392 кебиња, 600 килограми облека, 734 парчиња чизми, 332 литри дезинтал, 98 градежни колички, 126 лопати…
Укажани се 123 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.
Во четирите прифатни центри-„Ранка Милановиќ“, „Сениќ“, „Партение Зографски“ и „Фон-Интернат“, како што се наведува, се дистрибуира дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и за најранливите.
Согласно информациите добиени од терен, Црвениот крст на РМ апелира да се донира конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични ќеси за ѓубре. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Скопје од 8 до 18 часот. Телефон за контакт: 3 096 227.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на жиро – сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка.
Донација на средства во странска валута:
Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228
Акцијата за собирање средства е планирана да трае 15 дена од денот на отворање на сметките (7 август 2016 година).
– Продолжувањето на акцијата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од поплавите, согласно проценката на овластени комисии кои дејствуваат на терен, се вели во соопштението од Црвениот крст.
За дополнителни информации граѓаните може да се јавуваат и на телефонот на Црвениот крст 02/3139 – 578.Дистрибуирани се и 27.630 пакети со храна (еден пакет е наменет за четири лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 11.619 литри млеко, 15.4