Вкупно 336 пензионери од Крива Паланка и Ранковце аплицирале за користење на услугите од проектите „Бесплатен викенд“ и „Бесплатна бањско-климатска рекреација“ на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.– Рокот за поднесување барања траеше од 23 јануари, заклучно со 20 февруари. Во Филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Крива Паланка беа доставени вкупно 336 барања од страна на корисници на семејна, инвалидска или старосна пензија. Формуларот за аплицирање беше единствен, и на него се потполнуваше и за двете услуги, викенд или бесплатна бањско-климатска рекреација, изјави Биљана Ивановска, раководител на филијала на ПИОМ, Крива Паланка.
Годинава, рече, биле поднесени двојно повеќе барања во однос на минатата година.
– Лани беа поднесени 151 барање, а одобрени беа вкупно 61. Годинава интересот на пензионерите е многу поголем. Се очекува наскоро сите на кои ќе им биде одобрено да добијат известување на домашна адреса, а услугите ќе ги користат тековно во повеќе периоди, додаде Ивановска.
Проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација за пензионери започна во 2010 година и досега услугите од истиот, бесплатно во Катлановска бања ги искористиле 502 лица од Крива Паланка и Ранковце, додека проектот бесплатен викенд се реализира трета година и досега вкупно 68 пензионери од двете општини ја искористиле оваа услуга.– Рокот за поднесување барања траеше од 23 јануари, заклучно со 20 февруари. Во Филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во