ВКУС КОЈ ЗАВЕДУВА: Тирамису

Тирамису е италијански десерт којшто се приготвува со пишкоти, натопени со кафе еспресо, сирење маскарпоне (меко, слатко и кремасто, вид на слатка павлака), јајца, шеќер, вино марсала или рум и какао. Сакате да ги изненадите најблиските? Рецептот е пред вас!Состојки:
400g сирење маскарпоне пишкоти
4 јајца
100g шеќер во прав
250ml силно кафе еспресо
2 с.л. коњак, амарето или рум (по избор)
2 с.л. какао
Подготовка: 
Изматете ги жолчките од јајцата со шеќерот. Додајте го во нив маскарпонето и измешајте ја смесата. Во друг сад матете ги белките, додека не се направат како пена. Потоа додајте ги во смесата со маскарпоне. Во еспресото додајте го румот. Во таа течност макајте ги пишкотите, една по една. Внимавајте да не бидат премногу влажни, затоа што ќе се распаѓаат. Во тава наредете еден ред пишкоти. Врз нив ставете од смесата со маскарпоне. Потоа повторно наредете пишкоти, па пак од смесата. По желба можете да наредите уште еден ред пишкоти, но задолжително најгорниот слој треба да биде од смесата. Одгоре прекријте го овој сладок десерт со какао во прав. Ставете го во фрижидер. Најдобро е да стои во фрижидер еден ден пред консумирање.
 Состојки:
400g сирење маскарпоне пишкоти
4 јајца
100g шеќер во прав
250ml силно кафе еспресо

Пронајдете не на следниве мрежи: