Вкус што ќе ве освои: Пита со зелка или праз!

Ако не знаете што да подготвите, а тоа да биде вкусно и неодоливо? Го имаме предлогот за вас!Состојки:
250мл топла вода
2 мали лажички шеќер
1 мала лажичка сол
1 кесичка сув квасец
500гр брашно
1-2 страка праз
Подготовка: 
Сите состојки освен водата се ставаат во голем сад и се мешаат, па се додава топлата вода и се замесува тесто. Водата треба да е топла, но не врела. Врела водаќе го изгори квасецот и нема да нарасне, а и со ладна вода нема да нарасне тестото. Старско објаснување за топлината на водата е да е доволно топла да можеш да држиш прст, а да не те гори. Тестото се покрива (капак, крпа) и се остава да стаса. Тестото ќе биде стасано кога ќе нарасне двојно повеќе и/или ќе има дупчиња по него. Се попрскува со брашно и повторно се замесува. Во зависност од тавата се сука големинта на кората. Се дели тестото на половина, па на уште половина. Се набрашнува површината за сукање, се става топчето и се сука во големина малку поголема од тавчето. Се сука поголемо тесто од тавчето за на крај да се направат виткани краеви, а дебелината е од прилика половина сантиметар. Може и потенко бидејки при печење повторно ќе нарасне. Тавчето се намрсува со зејтин, маргарин или маст. Се става првата кора и се полни со сецкан праз. Не пречи ако има многу праз. Втората кора исто се сука да биде поголема од тавчето, бидејки ќе се гужва. Се попрскува со зејтин и се пече на 200 степени окулу 30 минути. Ако се прави со зелка, зелката може да биде кисела, ситно сецкана или ако е свежа, се сецка ситно и се пропржува со зачин по желба (сол, бибер, црвен пипер, вегета). Уживајте!Состојки:
250мл топла вода
2 мали лажички шеќер
1 мала лажичка сол
1 кесичка сув квасец
50

Пронајдете не на следниве мрежи: