Сте имале бурна ноќ? Колку пати наутро сте посaкале да постои лек кој ги отстранува симптомите на мамурлак? Аргентинците имаат вкусно решение!Се работи за комбинација од јајца, шунка и пржен компир. Да, малку е масно и не треба да се јаде секојдневно – но ако веќе сте се напиле претходната вечер, ова ќе ви биде добредојдено!
Потребно за две особи:
– 2 компира,
– 500 мл сончогледово масло,
– 2 лажици маслиново масло,
– 4 парчиња сланина или шунка,
– 4 јајца,
– сол и бибер.
Подготовка:
Излупете ги компирите и исецкајте ги на тенки парчиња, налик на грисини. Сончогледовото масло загрејте го, па во него пржете ги стапчињата од компири додека не заруменат и не станат крцкави. Кога ќе биде готов компирот, на маслиново масло пропржете исецкана шунка или сланина, па додадете сматени јајца и бибер. Направете класична кајгана, па додадете го пржениот компир и добро промешајте.
Уживајте во деликатесот, кој ќе ви помогне мамурлакот да исчезне!
Се работи за комбинација од јајца, шунка и пржен компир. Да, малку е масно и не треба да се јаде секојдневно – но ако веќе сте се напиле прет