Вкусни, лесни и брзи: СОЛЕНИ БОМБИЦИ за секоја прилика!

Доколку сакате брз и лесно мезе за вас и вашите пријатели, ви предлагаме да направите совршени солени бомбици. Креативноста ја оставаме на вас со тоа што вие ќе имате можност да ги направите бомбиците по ваша желба и вкус.СОСТОЈКИ:
– 4 компира
– 150гр кашкавал од растително потекло
– 3 лажици посен мајонез
– сол и црн пипер по вкус
ПОДГОТОВКА:
– Најпрвин измијте ги компирите, излупете ги, исечете ги на коцкички и ставете ги на тивок оган да се варат.
– На ситната страна од рендето, изрендајте го кашкавалот.
– варените компири исцедете ги и испасирајте ги на страна. Во пирето од компирот додадете го кашкавалот, мајонезот и додадете ги зачините.
– Од оваа смеса се формираат бомбици.
– Бомбиците валкајте ги во ситно рендан растителен кашкавал, но можете да ги извалкате и во сусам, сончоглед, ленено семе, магдонос или во крупен црвен пипер.
Пријатен апетит!СОСТОЈКИ:
– 4 компира
– 150гр кашкавал од растително потекло
– 3 лажици посен мајонез
– сол и црн

Пронајдете не на следниве мрежи: