Вкусно и лесно: Диета со јагоди!

Јагодите помагаат во слабеењето така што го стимулираат метаболизмот, па токму оваа диета базирана на јагоди ветува минус 3 килограми за само 4 дена.За диетата неопходно е да имате блендер на располагање.
Деталното мени за тие 4 дена е следново:
Прв ден
Појадок: овошна салата од 250g јагоди, половина јаболко и половина банана. Додадете 1 лажица мед и 50g незасладена павлака.
Ужина: Шејк кој ќе го подготвите така што во блендер ќе измешате 100g јагоди и 1dl немасно млеко. Додадете ½ лажица мед и 50ml негазирана минерална вода.
Ручек: Салата од 150g  јагоди, парче пилешки гради испечени на скара, 100g краставица, 300g аспарагус. Врз нив прелијте сос направен од лажица сок од лимон, 6 лажици супа од зеленчук, малку маслиново масло и магдонос. Додадете 20g мелени ореви по вкус.
Ужина: 100g јагоди со малку павлака и 1 лажица мед.
Вечера: Салата од варен компир, ситно сечкан кромид, мал варен целер, 50dl јогурт, 50g немасно сирење и магдонос.
Втор ден
Појадок: 2 парчиња интегрален леб премачкани со нискомаслено меко сирење.
Ужина: Од 200g јагоди направете пире во блендер, помешајте со друго шумско овошје по желбам додадете лажица путер и лажица мед. Пијте како шејк.
Ручек: Салата од 100g ситно сечкани јагоди, ½ зелена салата, домат, пиперка, 50g безмасно сирење, ½ dl јогурт, малку лимон и сол и парче интегрален леб исечкан на коцки.
Ужина: Коктел од 1dl сок од јагоди, 1dl немасен јогурт и ½ dl сок од ананас.
Вечера: Палачинки од банани, со јагоди, младо сирење и лажичка мед.
Трет ден
Појадок: Овесна каша со додаток од ½ dl сок од јаболка, половина банана и 100g јагоди.
Ужина: 100dl бесмасен јогурт, 100g јагоди и лажица мед – измешајте во блендер.
Ручек: Мала главица карфиол, сварен, премачкан со лажица путер и посипан со 30g сечкана шунка. Плус 200g свежи јагоди.
Ужина: Мешавина од 1dl сок од портокал и 1dl сок од јагоди со лажица мед.
Вечера: Направете пире од 1 голем морков и 1 варен компир, со малку млеко додека не добиете густина. Додадете малку вода и путер. Пирето ставете го во огноотпорен сад и врз него наредете кругови домат и пиперки. Посипете со лажица пармезан и малку босилек. Запечете 15 минути. Прелијте со мешавина од густ сок од домати и 100g јагоди.
Четврти ден
Појадок: 2 парчиња интегрален леб со намаз од немасно сирење и 50g јагоди.
Ужина: Смути од 1 портокал, 1 јаболко и 100g јагоди. Додадете лажива мед по желба.
Ручек: Риба, лесно динстана со кромид, магдонос и парчиња лимон. На рибата ставете 50g сечкани јагоди и малку сенф.
Ужина: Во блендер ставете 150g јагоди, лажица мед, сок од 1 лимон и 1dl вода. По желба може да го збогатите смутито со ½ dl безмасен јогурт.
Вечера: Салата  од еден голем печен компир со прелив од свеж морков, пиперки, стапче целер и лимон, кој се прави во блендер. Посебно измешајте неколку големи јагоди, 50g безмасно сирење и малку јогурт. Прелијте го компирот со двата сосови.За диетата неопходно е да имате блендер на располагање.
Деталното мени за тие 4 дена е следново:
Прв ден
П

Пронајдете не на следниве мрежи: