ВКУСНО: Пилешко со лук и печурки од кое глава боли!

Состојки
4 пилешки копани со поткопани
2 големи печурки
Една рака суви печурки
20 чешниња лук
1 пилешка или говедска коцка за супа
1 голема чаша бело вино
1 голема чаша вода
150 грама брашно
Ќе ви треба и:
Сол, бибер и маслиново масло.

 
Подготовка:
Земете 2 големи печурки и исечкајте ги на тенки парчиња – излупете и исечкајте го лукот. Пилешкото зачинете го и попрскајте го со маслиново масло – за подготовка на овој рецепт важно е да се одбере пилешко со коска бидејќи пилешките гради ќе се исушат доколку се готват подолго време. Покријте го пилешкото со брашно – ова ќе го згусне сосот. Наместете го пекачот на опција Динстање (Saute) и ставете го пилешкото со кожата надолу. Вака пилешкото ќе добие поубава боја и поспецифичен вкус. Потоа додадете ги лукот и печурките. Ние користиме и сушен вргањ кој има богат вкус и ќе му даде боја на сосот. Прелијте со бело вино и топла вода – додаваме и коцка за супа за поубав вкус и боја. Вклучете го пекачот на опција Бавно готвење (Slow cook) и покријте го капакот – оставете го најмалку 2 часа – препорачливо е дури и 3 доколку имате време. Послужете со селски леб и со ливчиња свеж магдонос.
 Состојки
4 пилешки копани со поткопани
2 големи печурки
Една рака суви печурки
20 чешниња лук

Пронајдете не на следниве мрежи: