ВЛАДА ЗА ВИТКАЊЕ НА КИЧМА

Почитувани сограѓани, дали сте подготвени за полетување? За лет кон сонцето и новиот рајски живот што ни го нуди новата влада? Ако сте подготвени тогаш ве молам седнете на своите места, врзете ги појасите, и сериозно подгответе се за проектите кои ќе донесат нов живот за секого во државата. Полетуваме со изборните ветувања содржани во новата владина програма. Всушност, летот започна симболично, на првиот ден од месец јуни 2017 година, ден кој ќеостане запишан во историјата когановата влада и официјално започна со својата работа. Како што се залетаа за сликање, снимање, правење чалам со кренати нозе на маса, така веднаш на 2.јуни се распослаа по плажите на Халкидики каде три дена се одмораа од првиот многу заморен официјален ден на фото-сесирање од сите страни и од сите агли. Богати тешкаработа била оваа со сликањето. Па како да се наместишза да изгледаш послаб(а), па како да се завртиш, па од кој агол да се наместиш да ти се види носот помал, па ушите да не ти излезат преголеми…многу заморно навистина.

До душа новата ни влада поработе троа,да не е без ич. Ете го укина екстерното тестирање за спас од стресот и маката на учениците и наставниците. Го укина ама божем случајнозаборави да ги информира „среќните“ ученици и наставници дека од екстерно куртулија оваа учебна година, ама дека веќе од септември СДС, согласно напишаното на страна 30 од владината програма, им подготвува „нова евалуација и тестирање на учениците. Вреднувањето на стекнатото знаење ќе се спроведува континуирано, се вели во владината програма, што значи деца џабе радување. Добро е да си знаете дека за некој месец од денес ве чека нов проект за евалуација и тестирања. И исто така добро е да знаете дека ослободувањето од екстерното оваа година се случи наменски, не за вас, туку за Заев кој преку вас има ниет да го зголеми сопствениот рејтинг на најлесен начин. Преку правење голем популистички чекор.Кога се презема популистички чекор прво што се прави е се соопштува добрата вест. Втората, таа помалку добрата, или за многумина разочарувачката се чува за понатаму кога работите ќе бидат поповолни за лидерот. Основната позадина на испратената порака до учениците дека „нема да имаат екстерно“ е, всушност, добивање на следнава реакција-видете Заев колку е добар, колку е фер и мисли на учениците и наставниците, гледајте колку не дозволува да се мачат децата за разлика од оној Груевски што ги утепа од мачење и од учењеи децата и наставниците. Целта е таа. Тоа што Заев веќе им смислил слично тестирање и проверка на знаењата на учениците ќе им го соопшти кога ќе дојде време, кога тој мисли дека ќе е време. Истата шема е и со најавеното „наоѓање законски начини“ за укинување на Кембриџ програмата во средното образование. Не се кажува што ќе ја замени Кембриџ програмата ама се кажува дека нешто се укинува и пак се се сведува на истиот популизам на штета на децата.
По три дена терање грчки плажи, Заев во понеделникот ја собра владата во зградата што до вчера ја плукаше дека личела на торта, дека била кич и слично. Сега наеднаш арна е, внатре имало и повеќе од добри услови за работа, имало компјутер пред секој министер, па е-влада која беспрекорно функционирала, се е како што треба. Е арно ама оградата пречела. Пречела да можел Заев слободно да комуницира со граѓаните, да бил близок со граѓаните!? Му фалела на Заев блискоста со народот и ете затоа оградата требало да се претвори во клупи или во тоа што инжињерите ќе го предложиле!?? Абе Заев оградата на татко ти ли е? Парите вложени во оградата твои ли се или народни се? Кој ти дозволи да тераш мајтап ова ќе правиш, она ќе правиш од нешто што е веќе направено?Јас знам дека дете не знае што се триста кила, и знам дека политичар во обид нема поим што е опасност од тероризам, ашто соодветна заштита на зградата од разно-разни опасности што секојдневно ги демнат институциите на системот, но ова е сериозно безобразие. И повторнобалон популизам. РешилЗаев ќе ја вадел оградата во име на некаква блискост со граѓаните, како да некој му ја брани целата блискост на овој свет, или како да некој му забранува да ја прима цела Струмица или Скопје ако сака во неговиот кабинет. Каква врска има оградата со блискоста до граѓаните веројатно само Заев си знае.Ама не ќе да е до блискоста де. Популистичката блискост треба да го дефокусира обичниот човек од останатите проблеми кои му висат над главата. А богами Заев токму на тој обичен човек му ветувашебрда и долини, волшебно стапче за решавање нанеговите проблеми. За жал на собраниската седница за избор на владата Заев не го слушнавме ни збор да изустиза тоа што најмногу ги интересира граѓаните-од кога ќе почне исплатата на 30.000 денари просечна плата на вработените, или на минималната плата од 15.000 денари. Ама затоа прва работа на која повика Заев е јавниот обвинител Зврлевски сам да си поднел оставка. Како да Зврлевски е најважната личност во државата. Рака на срце и генералниот реизбор на судиите му е секој втор збор на Заев, што согласно овој Устав е невозможна мисија, ама Заев фројдовски постојано не потсетува која му е најголематаболка. Кој за што зборува, Заев судиите и јавните обвинители од уста не ги вади небаре го демне голем уплав од правдата која еден ден сигурно дека и него ќе го стигне. Порано или подоцна. Можеби потајно Заев си мисли, прво јас една генерална чистка да си направам во судството и во обвинителството да не му ја мислам дали ќе бидам или не осуден и ставен зад решетки. Тогаш и трите аболиции ќе можам да ги мавнам од глава. Додуша онаа последната на Катица не ми е баш најсигурна. Има многу докази. Додуша има многу докази и во другите кривични пријави, обвинителни акти што ми висат на врат како ѓердан и ме потсетуваат на другиот во мене. Навистина кој судија ќе може да затвори очи пред другиот во мене кога бараше „едно евро за Вицето“ и цела македонска јавност го виде тоа, или тој де другиот во мене што делеше тендери на свои блиски пријатели и роднини, тој што незаконски финансираше партија, и делеше поткуп на избирачите, тој што ги аминуваше незаконитостите во изградбата на „Цареви кули“, тој што со своја волја и „совест“ се стави во улога на главен актер на странското сценарио за рушење на легитимната и легална власт во земјата, тој што без никаков проблем сторуваше неколку кривични дела истовремено кога велеше дека за него судството е нелегитимно, и се во државата е нелегитимно. Тој што наредува што да работи Катица Јанева, што дели партиски директиви како новинар да се бламира пред целата македонска јавност извинувајќи се за навредите „кон ликот и делото на Петрит Сарачини!?“. Останавме без одговор на прашањето за кој лик, и на кои дела длабоко наклонетата мислеше, но веројатно во друга прилика ќе ни биде објаснето кога извинувањата од овој вид ќе станат секојдневна пракса како порачка од политбирото на СДС.
Но, да се вратиме на фактите напишани во владината програма на Заев. На страна 24 од програмата се вели дека „Владата на РМ ќе ги промовира, штити и унапредува човековите права и ќе создава институционални капацитети за нивна ефикасна заштита и одговорност на сите кои ќе се обидат да ги повредат човековите права“. Еве веднаш неколку прашања до Заев. Како ние што гласавме за парламентарното мнозинство да си ги заштитиме нашите демократски права од флагрантниот насилнички, неуставен и неделовнички чин на избор на „претседател“ на Собранието на РМ, од криминалното пеење на албанската химна во законодавниот дом, од албанското знаме ставено на масата каде треба да седи претседателот на Собранието на РМ? Ќе им се с`сне ли и сега Заев на судиите на Уставниот суд на РМ дека се партиски или не знам какви ако одлучат да ја поништат одлуката за „избор“ на Талат со цел да го заштитат Уставот на РМ? Ќе коментира ли повторно со критика ако јавните обвинители во Јавното обвинителство за организиран криминал одлучат да покренат обвиненија против пратениците што го спроведоа ќоше-изборот на пратеникот Талат за „претседател“ на Собрание? Ќе објасни ли Заев како мисли да го штити Уставот на РМ и да гради правна држава со промовирање на дејствија и постапки кои се длабоко неуставни? Заев тврди дека никој нема да смее да го крши Уставот во земјата. Добро, да се надеваме дека македонскиот јазик и натаму ќе остане единствен службен јазик на целата територија на државата и дека употребата на јазиците на заедниците ќе се движи во рамките на уставната одредба. Тогаш чумуни е Државен јазичен центар и згора на тоа и Инспекторат кој ќе се грижи и казнува запримената на јазиците ако веќе се е утврдено во Уставот. Како до сега не ни требаше Инспекторат, а од сега тоа не е доволно а Уставот е тој истиот? Како наеднаш Заев се сети да води „грижа за состојбитена македонското малцинство во соседните земји“ кога во 1992 година токму СДС се откажа од него во Уставот? Како Заев наеднаш се сети да градиинтеркултурна комуникација и дух на почитување на културниот плурализам, кога во 2009 година токму СДС беше најголемиот критичар за воведување на предметот Етика на религиите во основното образование? Како Заев и неговите сопартијци денес зборуваат зауставни реформи на Судскиот совет, и за измени на Законот на судовите кога токму нивната власт во 2005 година ги донесе и уставните амандмани и законските решенија за судовите. Како Заев денес зборува за европски стандарди за заштита на презумпцијата на невиност и казни согласно европските стандарди во случај на прекршување на ова право, кога нема ден медиумите под негова контрола и Катица неговата десна рака да не направи дрска повреда на презумпцијата на невиност кога станува збор за етикетирање на раководството на ВМРО-ДПМНЕ? Со кое лице сега Заев зборува за измени на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните кога во 2005 година токму СДС го донесоа најнедемократскиот и најограничувачкиот закон на правото на граѓаните да се изјаснуваат на референдум? Или овој пат на Заев му е потребен Закон за референдум со кој ќе може лесно да ја протурка промената на името Република Македонија како што му ветил на „чадорот“. Македонците нема да ти дозволат Заев, нема да спијат и нема да паднат на твојот евтин трик. НЕМА ДА ИМА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО!
Има уште илјада прашања до Заев кои со аргументи ја разголуваат целата шупливост и неиздржаност на она што СДС го нарекува владина програма. На крајот на денот, не е потребно да поминат 100 дена за да се види што е крајната цел на инсталирањето на оваа краткотрајна квинслиншка влада во РМ. Целта нема никаква врска со реформите, ниту со европските стандарди, туку со степенот до кој Заев е подготвен даја витка кичмата кога станува збор за македонските национални интереси. А во таа дисциплина на виткање кичма дури ни Драги Шпага не може да се мери со Заев. Човеков е вон сите конкуренции.
Почитувани сограѓани, дали сте подготвени за полетување? За лет кон сонцето и новиот рајски живот што ни го нуди новата влада? Ако сте подготвени т

Пронајдете не на следниве мрежи: