На синоќешната емисија на 24 вести по име Тренд анализа тема на дискусија беше покачувањето на платите. Во Тренд анализа, гости беа Бранимир Јовановиќ, министерство за финансии, Ангел Димитров, организација на работодавачи, Пецо Грујовски, Синдикат на работниците од управата и правосудството, Гоце Делчев Тодев, независен синдикат на полицијата и Александар Стојцевски, синдикат на културата, пишува Економски.Имено, владата селективно одлучи да ги зголеми платите на одредени сектори додека другите сектори не добија никакво покачување. На оваа реагираа синдикатите кои ги бранат правата на работниците.Пецо Грујовски претседател на синдикатот УПОС истакна дека платите се хаотични и дека се изненадени од предлог буџетот за селективно зголемување на платите. Тој истакна дека како синдикат сметаат дека претходно требало да бидат испеглани некои разлики кои постоеле до сега понатаму да се дадат некои надоместоци на вработените на кои им следуваат како што е во судството и јавно-обвинителската служба.Пецо Грујовски смета дека платите во Македонија мора да се уредуваат со колективни договори. Toj потенцираше дека е направен вистински хаос во делот на платите и дека владата мора да превеземе одговорност и да го реши овој проблем.
Исто така Александар Стојчевски, од синдикатот на култура изјави дека работниците во културата се револтирани од ваквиот однос на владата. Тој истакна дека 80% од вработените во културата во Македонија земаат под просечни плати и дека мора да се одвојат средства од буџетот за покачување на истите. Стојчевски кажа дека е срамота да културните работници се доведени до вакво ниво.
Тој потенцираше дека има конфузен начин на распределба на плати односно дека културните работници се обесправени со ваквиот начин на распределба на средствата за кое е одговорно ресорното министерство.Со ребалансот на буџетот платите се зголемени за 1,7 % односно за 7 милиони евра. Платите се покачија на одбраната на градинките, образованието и здравството. Министерот ја информираше јавноста дека се предвидени повисоки плати од десет проценти за армискиот состав.Исто така министерот Тевдовски кажа дека обезбедени се средства со кои платите во јавносто здравство ќе се зголемат за 5 проценти. Докторите и медицинските сестри ќе имаат зголемени плати, а се најавува исто толку да се зголемат платите во основните и средните училишта и во градинките.
Проблемот е дека владата на СДСМ ветуваше многу повеќе од ова и покачување на платите за сите граѓани. Тие во своите предизборни ветувања кажуваат дека платата ќе се покачи на 30.000 за сите граѓани. Ова сега што го гледаме е селектвно и минимално покачување на платите на само 5% во здравството што е незадоволително. Голем број од граѓаните не се задоволни и се чувствуваат изиграни и излажани од новата влада.Имено, владата селективно одлучи да ги зголеми платите на одредени сектори додека другите сектори не добија никакво покачување. На оваа реагираа си