Владата на Република Македонија ги продолжува роковите за легализација на дивоградбите по едно евро за метар квадратен, најави премиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Кисела Вода.Со ова се овозможува нов рок за поднесување на барање за легализација до 31-ви март 2016 година. Сите што не успеале претходниот рок, сега ќе може да поднесат.
-Се пролонгира рокот за достава на геодетските елаборати. Со тоа овозможуваме сите што имаат претходно поднесено барања за легализација да можат геодетските елаборати да ги достават до 31. 12. 2016 година. Сите што ќе поднесат нови барања ќе можат геодетските елаборати да ги доставуваат до 31. 12 2017 година. Овозможуваме приватизација на објекти на приватно земјиште. Ова ќе се овозмози само доколку претходно земјиштето било во сопственост на РМ, па потоа по различни основи станало приватно. Досега легализирани и запишани во катастар се околу 135 илјади објекти, рече Груевски.Со ова се овозможува нов рок за поднесување на барање за легализација до 31-ви март 2016 година. Сите што не успеале претходниот рок, сега ќе може