Колку едно општество е поразвиено и колку повеќе се грижи за благосостојбата на своите членови, толку поретки се жртвите од сообраќајни несреќи, нагласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој како покровител, денеска се обрати на дводневната првата меѓународна конференција „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа – предизвици и насоки за дејствување“.Целта што секоја држава си ја има зададено, истакна Иванов, е бројот на жртвите во сообраќајните незгоди да се намали и да се приближи до просекот на ЕУ.
– Секако дека состојбата во целиот регион денес би била далеку подобра доколку навреме бевме дел од Унијата. За жал, во изминатите години ЕУ, која се соочува со големи предизвици, е свртена сама кон себе и нас не остави сами на себе, рече претседателот Иванов.
Според него, безбедноста во сообраќајот зависи од триаголникот на правото, одговорноста и почитувањето.
– Неопходен е холистички пристап и затворање на кругот на одговорност за тоа кој, кога и за што е одговорен. Неопходен е еднаков третман на сите пред законот, подвлече македонскиот претседател и додаде оти секоја релевантна институција во државите може да придонесе за решавање на овој проблем преку споделување на своите искуства и преку отвореност за прифаќање на добрите практики од сродните институции.
Вицепремиерот Владимир Пешевски, истакна дека за Владата на РМ безбедноста на сообраќајот на патиштата е еден од високо поставените приоритети и цели и потсети на изработената Втора национална стратегија 2015-2020, како продукт на сериозни анализи, научни истражвуања, како и на домашни и меѓународни искуства и препораки.
– Како особено значајна активност на Владата би ја истакнал и инвестицијата од повеќе од милијарда евра за изградба и рехабилитација на стотици километри автопати, реигонални и локални патишта со чие завршување РМ ќе биде одлично патно поврзана со соседните држави, а безбедноста на лицата кои се превезуваат ќе се подигне на повисоко ниво, рече Пешевски.
Тој меѓу другото потенцира дека сообраќајот на патиштата и неговото безбедно одвивање е значаен сегмент за економскиот просперитет и за економскиот рљазвој на РМ, како и за сите земји од регионот на ЈИЕ.
Оливер Андонов, дополнителен заменик-министер за внатрешни работи во обраќањето на конференцијата информира дека во периодот јануари-јуни во споредба со истиот период лани, забележано е зголемување на бројот на сообраќајни несреќи со потешки последици за 5,4 проценти. Од извршените анализи, подвлече, констатирано е дека најчеста причина за случување на сообраќајките е човечкиот фактор односно пречекорување на дозволените брзини на возење, непочитување на правилата за првенство на минување, како и неправилно движење и свртување со возилото.
МВР во првата половина од 2016 година, информира Андонов, на дневна основа извршило контроли врз повеќе од 1.500 учесници во сообраќајот, кои резултирале со над 300 платни налози за глоба, а 50 возачи и 50 возила дневно се исклучувале од сообраќај.
– Полицијата нема основна тенденција да ги казнува граѓаните. Како МВР, Бирото за јавна безбедност, сообраќајната полиција, немаме тенденција да вршиме казнување на граѓаните. Првенствено се потребни превентивни-едукативни активности за граѓаните. препорачувам да го вратиме делот во кој се работи за сообраќајна поука, наместо казнување за да дојдеме до подобри резултати, изјави дополнителниот заменик-минситер за вантрешни работи.
Според Андонов, МВР нема доволно униформирани полициски службеници кои можат на секоја раскрсница, посебно во градот Скопје, да го покријат сообраќајот со непосредна контрола.
Тој најави дека МВР ќе ги зајакне капацитетите на Бирото за јавна безбедност во делот на сообраќајните работи со примена на софистицирана опрема и уреди за следење, контрола и документирање на прекршоци во сообраќајот на патиштата.
Стојче Стаменковски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата очекува од конференцијата да произлезат квалитетни дебати, кои ќе се преточат во декларација која сите земји од регионот ќе треба да ја реализираат.
– Според статистиката која ја имаме заклучно со август, за жал годинава имаме зголемување за 10 проценти на бројката загинати во сообраќајни незгоди во однос на 2015 година, а тоа е 109 жртви, изјави Стаменковски.
Антонио Авенсо, извршен директор на Европскиот совет за безбедност на сообраќајот, во кој членуваат 58 организации, меѓу кои и РСБСП, потенцира дека нивна главна мисија е да дава совети на европските институции и на земјите-членки на ЕУ за прашања поврзани со безбедноста во сообраќајот. Смета дека главните причини за жртвите во сообраќајните несреќи се самите возачи, инфраструктурата на патиштата, брзото возење, особено од страна на возачите почетници, не употребата на безбедносен појас, возење под дејство на алкохол и деструктивното возење.
– Можеме многу да научиме заедно. Нашиот совет верува дека не сме овде само за да предаваме, туку и да научиме од Вас. Задоволен сум што и вие имате стратегија, која не е само за намалување на бројот на жртви, туку и на сериозно повредени во сообраќајните незгоди, рече меѓу другото Авенсо.
Според Бенасер Булажул, претседател на Меѓународната безбедност на патиштата, 90 проценти од сообраќајните несреќи се случуваат во неразвиени земји. За да се намали процентот на жртвите во сообраќајките, потребно е, смета тој, безбедноста во сообраќајот да биде интегриран дел од сите други политики и да се постават амбициозни цели за безбедноста во сообраќајот од страна на институциите.
Доктор Виктор Камиловски, трауматолог, кој во текот на утрешниот ден ќе говори за искуствата во лекување и дијагностицирање на траума пациентите, пред се со современи опративни хируршки интервенции со намалување на степенот на инвалидитет кај пациентит, изјави дека сите институционални анализи ќе бидат во насока да се намали бројот на жртвите во сообраќајни несреќи во РМ.Целта што секоја држава си ја има зададено, истакна Иванов, е бројот на жртвите во сообраќајните незгоди да се намали и да се приближи до просекот