Кавадаречкиот гигант ФЕНИ од денес официјално оди во стечај. ФЕНИ индустри доби општа забрана за располагање со имотот откако утрово Централниот регистар постапувајќи по пријава од Основниот суд во Велес кој објави дека е отворена претходна постапка за стечај.За привремен стечаен управник е назначен Мирослав Атанасиевски од Гостивар, а рочиштето за испитување на условите за отворање стечајна постапка е закажано за 13 ноември во Основниот суд во Велес.
Пред само десет дена Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот од Кавадарци, Бетијане Китев, кој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Кавадарци, триумфално најавија дека Проблемот со „Фени“ е решен, а фабриката продолжува да работи со нови сопственици. За своето големо „остварување“, владата направи и пропаганден материјал од серијалот „Зборот е збор“.
Тие ветија дека ФЕНИ ќе биде преземен од бугарската енергетска компанија „Енкод“, која ќе го заживее комбинатот.
-Не се сите исти! Има луѓе за кои зборот е збор! Она што ветивме пред 2 недели сега го исполнуваме. Не дозволивме стотици кавадаречки фамилии кои работат во ФЕНИ да останат на улица – изјави Китев.
Наскоро по објавата дека ФЕНИ добил нов сопственик, почнаа сомнежите од страна на синдикатот и вработените кои сметаа дека се работи за обичен предизборен трик на власта, затоа што платите им доцнеа а компанијата Енекод не само што нема ниту искуство ниту друг бизнис поврзан со феро никел или било кој метал.
Во средата вработените најавија протест поради неисплатените плати, но тој беше откажан затоа што во петокот на два дена пред избори им беше поделена плата. Она што е симптоматично е дека платата им стигна од компанијата „Ватростална“ а не од ФЕНИ во кое тие се вработени, по што во Кавадаречката јавност се говореше дека единствената причина поради која вработените добиле плата е мир пред избори.
Зборот не остана збор како што вети владата, па само еден ден по изборите беше почната иницијатива за стечај од страна на Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје на кои „Фени“ им должи 40 милиони евра, а има и долг кон други доверители од дополнителни 20.000 евра. За потсетување Кавадарци е единствена поголема општина во која владејачката СДСМ изгуби на локалните избори.
Банките ја негираат владата и велат дека „Фени“ не е продадена на бугарскиот „Енекод“ бидејќи продажбата не може да се реализира без нивна согласност како најголеми кредитори. Нивните преговори со оваа фирма завршиле без успех и се сомневаат дека „Енекод“ може да ги преземе обврските на комбинатот.
Од синдикатот на ФЕНИ пак, велат дека за нив стечајот е неприфатлив и најавуваат протести и блокади.
-Ако за нас нема работа, нема да има ниту за нив, вели Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација. Тој рече дека стечај не е прифатлив, затоа што во такви услови работниците треба да седат дома и да не земаат плата. „Како вработени во Фени и јас како претседател на Синдикатот нема да останеме мирни и добродушни и на сето ова да седиме и молчиме. Ние мораме да си ги одбраниме нашите права. Толку народ да остане без корка леб, нема да дозволиме – изјави Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација во „Фени индустри”.
Палитов додаде дека вчера на тричасовната средба вицепремиерот Кочо Анѓушев им тврдел дека Владата ќе се заложи за да не дојде до стечај. Само што се вратиле во Кавадарци, биле информирани дека банките побарале стечај и тоа многу ги налутило.
Заради обезбедување на сè што е во сопственост на фабриката, покрај општата забрана за располагање со имотот определени се и мерките забрана за одредување или спроведување на присилното извршување или обезбедување против должникот, се забрануваат исплати од сметката на должникот, се задолжува привремен стечаен управник да го го заштити имотот на должникот со сите соодветни средства, да дава согласност на органите на управување на должникот за водење на работењето сè до донесувањето одлука за отворање стечајна постапка со цел да се избегне значително намалувањето на имотот и да се испита дали од имотот на должникот можат да се намират трошоците на постапката. Централниот регистар ги повика должниците на „Фени“ своите обврски и должникови солидарни содолжници и гаранти без одлагање да ги исполнат своите обврски кон должникот.
-Се задолжува должникот да му овозможи на привремениот стечаен управник да влезе во неговите деловни простории за да може да ги спроведе потребните дејствија, како и да му допушти увид во трговските книги и неговата деловна документација –стои во објавата на Централниот регистар.
Клучно за вработените во ФЕНИ е да не се изгасне печката на фабриката за која е потребно постојано да има 5 мегават на час струја. Доколку се изгасне печката, тоа би значел крај за гигантот, затоа што како што тврдат експертите после тоа фабриката ќе стане само старо железо.
Со струја ФЕНИ се снабдува од компанијата ЕДС, која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев.За привремен стечаен управник е назначен Мирослав Атанасиевски од Гостивар, а рочиштето за испитување на условите за отворање стечајна постапка е з