Владата активно ги следи трендовите во металургијата и ќе направи максимум за да му помогне на секторот, рече денеска министерот за економија Беким НезириОдговорајќи на новинарско прашање по конференцијата за занаетчиството, Незири најави средби со претставниците од челичната индустрија кои вчера ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат и побараа поддршка од државата.
– Ќе имаме состаноци со претставниците од металургискиот сектор и ќе направиме максимум за да им помогнеме во рамки на законите и на можностите на државниот буџет, истакна Незири.
Според министерот, проблемите во металургијата се од глобален карактер и не се случуваат само кај нас, туку секаде во светот. Македонија, додаде, е мала држава за да креира политика во овој сегмент. По падот на цените во сите металургиски гранки во светски рамки, состојбата се одрази и во земјава.Одговорајќи на новинарско прашање по конференцијата за занаетчиството, Незири најави средби со претставниците од челичната индустрија кои вчера ги