Со ваквата набавка на техничката опрема првенствено ќе се излезе во пресрет на потребите на новинарите и квалитативно унапредување на условите за работа, запазувајќи ги високите стандарди на оперативност и функционалност, се вели во соопштението од Владата.-Тоа ќе овозможи подобри услови за презентација на владините политики и проекти, за инклузија на поголем број мислења во креирањето на истите, како и поголеми можности за дебата и подобра информираност на граѓаните и субјектите за можностите кои се обезбедуваат и ќе продолжат да се обезбедуваат преку реформите, стои во владиното соопштение.
Во набавката освен предметната опрема е вклучена нејзина монтажа, и ставањето во функција. Дополнително со ваквата набавка ќе се опремат и три сали за состаноци. Значајно е да се истакне дека запазени се сите законски процедури, и избрана е најповолната и најевтината понуда која одговара на пропишаните критериуми, притоа со одличен квалитет. Постапката е спроведена низ транспарентна процедура запазувајќи ги пропишаните правила во Законот за јавни набавки.
-Владата на Република Македонија ќе продолжи да придонесува за создавање на поквалитетни услови за работа на новинарите, целосно почитувајќи ја значајноста на нивната работа и придонес, и во таа насока сме отворени за сугестии од секоја заинтересирана страна. Ќе продолжиме и со реформите и проектите затоа што тоа се реални приоритети на секој граѓанин, се вели во соопштението.-Тоа ќе овозможи подобри услови за презентација на владините политики и проекти, за инклузија на поголем број мислења во креирањето на истите, како