За можните безбедносни импликации во 2018 во Македонија и во светот, Пулс24 побара мислење од безбедносниот аналитичар Милан Стефаноски. „На почетокот на 2017 година во кратка изјава за една национална телевизија реков дека ако не се почитува изборната волја на граѓаните во Македонија политичката криза ќе се разгори и раздлабочи и тоа заради два фактора: манипулациите на гласачкото тело со создавање хибридно мнозинство и како второ отсуството на 2/3 што го нема политичкото мнозинство (не е демократско мнозинство) заради условот на албанските партии заради т.н платформа без разлика дали е тиранска или скопска.
И, што се случи? Се случија масовни протести, се случи 27 април, инциденти и крвопролевања како што не памети Македонија, а потоа следеше период на апсења, повторно протести, блокади на парламентот од опозицијата, а на теренот и улицата многу убиства, рекет и сл. Да не заборавиме дека Села ја напушти коалицијата, со аргументот заради динамиката на законот за јазици, кој пак тој потег не носи повторно назад бидејќи Села влезе заради спроведување на т.н платформа, а излегува бидејќи таа според него не се спроведува. И, веднаш доаѓаме до заклучок дека т.н платформа беше услов една политичка партија да не направи Влада, а другата да создаде Влада но, видовме со која агенда.
И, тука беше изворот на проблемите за 2017. Во 2017 имаше безбедносни предизвици во делот на јавната безбедност, со тешки нарушувања на јавниот ред и мир, неколку убиства во Чаир, убиството во Аеродром, Кисела Вода и тоа во Струга.
Во 2018 останува предизвикот од мигрантски бранови, сега Исламска држава иако фронтално таа е поразена, но исто така е распрсната со ќелии низ Европа, и повратниците се веќе вратени и тие „спијат“ до моментот кога ќе треба да се активираат. Нашата служби УБК и АР што побрзо да ги збијат редовите во пресрет на новите предизвици. Претседателот Иванов беше во право кога потенцираше дека УБК е компромитирана од т.н „бомби“ па навака, јас би го надополнил од аферата Големото уво во 2000 година па навака. Службите мора да се подготват и од надворешни геополитички влијанија во пресрет на решавањето на спорот со името и влезот на Македонија во НАТО. На, некои соседи и регионални сили тоа нема да им се допадне и може да ја злоупотребат атмосферата на екстремно поделено политичко општество и повторно да има радикални политички потреси. И, затоа потребно е веднаш национално помирување и запирање на политичкиот прогон. Би предложил и посебно одделеније во УБК кое би се занимавало со сите оние кои се вратени од фронтовите на Сирија и Ирак и би биле под постојан мониторинг.
Во 2018 на геополитички план безбедноста ќе биде ранлива. Овој пат за разлика од 2017 и 2016 наместо ИД главен предизвик ќе биде Северна Кореа, Иран, завршувањето на операциите во Сирија и Ирак, и поствоеното менаџирање на општеството. Америка значително ќе се конфротира со Русија. Првин ќе го затвори коридорот 10 (Турција, Грција, Македонија, Србија и Унгарија) на Балканот кое е потенцијално економско влијание на Русија и Кина (јужен тек и патот на свилата), и буквално ќе го пресече со Коридорот 8 (Албанија, Македонија и Бугарија) и ќе го спои Јадранот со Црно морскиот басен. Македонија треба да ги следи чекорите на првиот стратешки партнер САД во овие предизвици кои тектонско се случуваат на 20 години. И, оттаму ми беше чудно што Владата на РМ не го подржа својот стратешки партнер во ООН во поглед на израелско – палестинското прашање.
Ми останува дилемата дали Владата се консултирала со овдешната амбасада на САД или со Стејт департментот по ова важно прашање за нашиот стратешки партнер. Да не ги заборавиме односите и со Израел. Ние мораме да го следиме интересот на САД во регионот и да не праќаме погрешни пораки. Денес Трамп на твитер го нападна вербално Пакистан за непринципиелната политика која ја води кон нив, а да не заборавиме дека и тие се стратешки партнери. И, прати порака дека САД повеќе нема да толерираат политики на двојни аршини кон нив и ќе очекуваат целосна и недвосмислена подршка кон нив. Новиот претседател со новата доктрина Америка на прво место значително ќе ја промени и реториката и практично на терен со дејствувањето на новата надворешна политика. Повторно ќе подвлечам, за мене е на ниво на дипломатски скандал гласањето на Македонија против САД во ООН за прашањето за признавањето на САД за Ерусалим како дипломатски центар со одлуката за преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.“ „На почетокот на 2017 година во кратка изјава за една национална телевизија реков дека ако