Владата на Социјал демократскиот сојуз и Зоран Заев не е ниту народна, ниту реформска. Владата на СДС е лицемерна и тајкунско-милионерска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев и неговите соработници години наназад го лажеа и манипулираа народот за наводно постоење на режим и диктатура, а само после 30 дена се покажа дека сите тие додека говореа едно во јавноста, зад камерите безмилосно товареле огромни богатства на сопствените сметки и на сметките на нивните најблиски.
Владата на Заев, според пријавените анкетни листови тежи над 40 милиони евра. Да точно слушнавте. Доколку пријавиле се што имаат, а се сомневаме во тоа, Заев и неговите соработници тежат над 40 милиони евра.
Само во недвижен имот, Заев и богаташите околу него во Владата, поседуваат преку 50 станови, куќи, викендици, луксузни хациенди во Македонија и надвор од неа.
Значи говориме само за првиот ешалон, односно најблиските соработници околу Заев во владата, во квадрати поседуваат преку 8.000 метри квадратни станбен простор. Поедноставно кажано, милионерската влада на Заев има во своја сопственост една зграда од 15 ката.
Возниот парк на Заев и милионерите околу него, според пријавената вредност, тежи над 700.000 евра. Доколку пријавиле се што имаат, а се сомневаме во тоа, во нивна сопственост се 35 луксузни автомобили. Возниот парк им е составен од Масерати, Порше, Мерцедеси, Аудиа и други возила на кои може да им позавидат и арапските шеици.
Накитот, брендираните часовници и уметничките слики кои ги пријавиле богатите министри на Заев вредат над 300.000 евра. Се разбира дека и тука постои сомнеж дали навистина пријавиле се што поседуваат.
Ова е вистинската слика за луѓето кои години наназад го убедуваа народот дека живеат во режим. Ова е лицемерието кое сега го гледа целокупната јавност.
Сега им е јасно на сите зошто министрите на Социјал демократскиот сојуз го криеја и одолговлекуваа со пријавувањето на имотот.
Сега Заев и газдите министри им должат одговори на граѓаните на Република Македонија кои работат за плата, како фирмите на Заеви свртеле над 200 милиони, а семејството на Заеви стекнале имот од близу 6-7 милиони евра?
Додека граѓаните возат половни автомобили, како успеал во режим газда Кочо да вози луксузни возила како Масерати и Порше и да ужива во имот од над 28 милиони евра.
Додека граѓаните имаат по еден или два стана или живеат под кирија, како Шекеринска купила 4 стана, кои си ги издава самата на себеси за стотици илјади евра кирии?
Како газда Роберт Поповски под режимот направил околу 300.000 евра имот, има три стана и една куќа.
Како газда Шапуриќ во режим создадал имот од над 350.000 евра?
Како богаташите Самка Ибраимоски и Зорица Апостоловска стекнале над 1 милион евра во режим?
Помина времето на лаги и манипулации. Ќе мора да им се одговори на граѓаните од каде толкав имот во рацете на неколку луѓе блиски на Заев?
Зоран Заев и неговите соработници години наназад го лажеа и манипулираа народот за наводно постоење на режим и диктатура, а само после 30 дена се п