Владата на СДС сака судство кое нема да го гони Заев

Владата на СДС сака судство кое нема да го гони Зоран Заев за тешките криминали во кои е фатен жив, а дел од нив и аболициран. Владата на СДС сака судство во кое преку нови партиски одбрани „Катици“ ќе може да врши политички прогон врз неистомислениците. Заев и СДС сакаат преку судот побрзо и поефективно да го воспостават својот режим во Македонија, истакна на денешната прес-конференција Невенка Стаменковска.-За таа цел СДС има намера комплетно да го партизира судството и да го стави под своја контрола, исто како во 1997 година кога во една минута со скандалозна одлука промени 617 судии во државата. Клучен доказ за овој црн план на СДС е Фркчовистичкиот совет за реформи во судството преку кој Заев ќе се обиде да инсталира стотици нови „Катици“, слепи послушници на нарачките на Заев и партнери кои ќе го ослободат од вина за тешките криминали кои ги сторил, а ќе ги гонат без доказ и факти неговите неистомисленици, вели Стаменковска.
Таа истакнува дека покрај лустрираниот Љубомир Фрчковски кој во режимот на СДС своевремено се занимавал со политички местенки и прогони на луѓе само заради нивните политички определби, во овој совет Заев ја постави и претседателката на комисијата за политички систем на СДС, Маргарита Цаца Николовска за да го реформира судството според насоките на нејзиниот лидер.
-Во советот за реформи Заев си ги намести и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа кои се заслужни затоа што со него заедно фрлаа со боја врз државните институции и глумеа независни експерти одработувајќи за Заев. Во советот за реформи нема ниту еден претседател на најголемите судови во Македонија, вклучувајќи го и претседателот на Врховниот суд, како претставник на фелата. СДС со ова докажува дека нема намера да работи за подобра и независна судска власт, туку за судство кое ќе овозможи партијата да ја направи држава, а државата партија, посочува Стаменковска.
Пратеничката вели дека Заев јавно кажа дека не признава судство кое го гони него за случајот „поткуп“ и токму такво судство сака во Македонија. Единствената реформа во судството, додава таа, за која е заинтересиран Заев е да се прават судиите и обвинителите слепи за неговите криминали, а да се гонат неговите политички противници и да им се нарачуваат притвори за потребите на пропагандата на СДС.
-Овој совет на СДС има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонат на Зоран Заев за да можат тој и партнерите непречено да го спроведуваат своето црно сценарио во Македонија преку режимот кој го инсталираат во моментов. Граѓаните ќе го казнат ваквото тоталитарно однесување на  антиреформаторите од СДС побргу отколку што Заев тоа го очекува, истакнува Стаменковска.
 
-За таа цел СДС има намера комплетно да го партизира судството и да го стави под своја контрола, исто како во 1997 година кога во една минута со ск

Пронајдете не на следниве мрежи: