ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Владата на СДСМ да им одговори на граѓаните за имотот на неколку луѓе блиски на премиерот Зоран Заев. Заев и неговите соработници години наназад го лажеа и манипулираа народот за наводно постоење режим и диктатура, а само по 30 дена се покажа дека сите тие додека говореа едно во јавноста, зад камерите безмилосно товареле огромни богатства на сопствените сметки и на сметките на нивните најблиски, истакна денеска на прес-конференција Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на Заев, како што рече, според пријавените анкетни листови тежи над 40 милиони евра, доколку пријавиле се што имаат.
– Само во недвижен имот, Заев и богаташите околу него во Владата поседуваат преку 50 станови, куќи, викендици, луксузни хациенди во Македонија и надвор од неа. Само првиот ешалон, односно најблиските соработници околу Заев во Владата, во квадрати поседуваат преку 8.000 метри квадратни станбен простор. Поедноставно кажано, милионерската влада на Заев има во своја сопственост една зграда од 15 ката, рече Којзеклиска.
Возниот парк на Заев и, како што рече, милионерите околу него, според пријавената вредност, тежи над 700.000 евра. Во нивна сопственост се 35 луксузни автомобили, а возниот парк им е составен од „Масерати“, „Порше“, „Мерцедеси“, „Аудиа“ и други возила. Накитот, брендираните часовници и уметничките слики кои ги пријавиле богатите министри на Заев вредат над 300.000 евра.
Заев и неговите соработници години наназад го лажеа и манипулираа народот за наводно постоење режим и диктатура, а само по 30 дена се покажа