И покрај тврдењата во предизборието дека нема да се задолжуваат, Владата предводена од СДСМ денеска ја задолжи државата за нови 15 милиони евра.Министерството за финансии денеска преку аукција на државни хартии од вредност ги задолжи граѓаните за нови 900.000.000 денари, односно 15 милиони евра со каматна стапка од 3,8 отсто. Аукцијата за хартии од вредност не поминала добро за новата влада на СДСМ, бидејќи добиле помалку од побараната сума од 1.140.500.000 денари. Ова значи дека банките немаат доверба во економската политика на новата влада, поради што се реализирани „само“ 900.000.000 денари.
Ваквото задолжување е спротивно на тврдењата на СДСМ дека новата влада немало да се задолжува, а воедно излегува на површина и лицемерието на СДСМ, чии функционери со години ја критикуваа претходната власт дека Македонија била алармантно задолжена, за сега самите тие да ги задолжуваат граѓаните.
-Укажуваме дека никој не смее да работи на штета на граѓаните на Македонија. Само нова и одговорна влада може да ги запре непотребните задолжувања и да одговори на реалните потреби на граѓаните. -Неопходни демократски промени и промените ќе се случат во декември, оваа година.Ова налудничаво задолжување мора што побрзо да прекине, се велеше во многу од предизборните соопштенија на СДСМ.
Со ова, декларативните ветувања кои СДСМ ги даваше дека ќе престане да ја задолжува државата паѓаат во вода. Секојдневната реторика на сегашниот министер Драган Тевдовски беше дека на Владата „неопходно е да и се одземе правото на задолжување“, „да си ги пушти нозете колку што и е чергата“, дека „расипничката политика на задолжување која ја споведува Груевски ја води Република Македонија кон грчко сценарио“….
СДСМ многу пати ги заплашуваше граѓаните дека платите, пензиите, субвенциите за земјоделците се доведени во прашање, поради неликвидноста на буџетот и поради предходното енормно задолжување.
Познавачите на финансиските прашања потсетуваат дека СДСМ преку ваквото своето однесување додека беа опозиција се обидоа на неколку наврати да спречат Македонија да дојде до поволни финансиски средства надевајќи се дека ќе блокираат исплати на плати, пензии, социјална помош, инвестирање во улишта, градинки и инфракструра.
Инаку, токму владата на СДСМ го воведе овој начин на задолжување уште во 2004 година кога хартиите од вредност ги издаваа по каматна стапка четири до пет пати повисока од тие кои потоа ги правеше министерството за финансии раководено од ВМРО-ДПМНЕ.Министерството за финансии денеска преку аукција на државни хартии од вредност ги задолжи граѓаните за нови 900.000.000 денари,