Скандалите кои секојдневно доаѓаат од Владата на Зоран Заев и СДСМ никако да престанат, овој пат јавноста е згрозена од одлуката на Владата на СДСМ да ги храни своите министри со бадеми и морски плодови, а да го скратува оброкот во студентките домови на студентите.Наместо штедење и кратење на трошоците како што најавуваа пред да дојдат на власт, СДСМ во пракса спроведува вистинско расипништво и луксузирање со парите на граѓаните.
Имено, на Електронскиот систем за јавни набавки неодамна беше објавен оглас за набавка на апетисани ( бадеми, лешници, ореви, фстак), според кој договорен орган е Министерството за одбрана со кое што раководи заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Проценетата вредност без ДДВ изнесува точно 285.714,29 денари, односно околу 5.000 евра. Оние кои со години обвинуваа за расипништво и луксузирање, само што дојдоа на власт на дело го покажуваат своето лицемерие.
Претходно, службата за општи и заеднички работи при владата објави оглас за набавка свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови во вредност од 400.000 денари.
И додека СДСМ им ветуваа живот на студентите, тие им скратија од јадењето за да набавуваат морски плодови и бадеми за своите министри.
Наместо подобар живот, студентите добија оброк помалку во домовите. Се уште студентите не добија ништо од најавите на СДСМ и Зоран Заев за подобар студентски стандард во периодот пред декемвриските избори ги зголемуваат маките на македонските студенти.
Најновата одлука на раководните структури од партијата на Зоран Заев предвиде укинување на појадокот за студентите кои годинава добиле легло во трите најголеми студентски домови во главниот град, домови “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ и “Кузман Јосифовски – Питу“. Отсега наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброци. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб.
Покрај оваа најнова мерка за „живот“, студентите ги паметат и не така одамна укинатите и стопирани мерки наменети за нив, како згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери.
Дали директорот на Државниот студентски центар под чија надлежност се овие три домови, индивидуално оценил дека студентите немаат потреба од појадок, или пак, одлуката е изнудена поради кратењето на цели 1,5 милијарди денари од буџетот за образование, останува нејасно, бидејќи раководството на домот не одговара на повиците.
Во меѓувреме, студентите секојдневно го изразуваат своето незадоволство, особено на на социјалните мрежи. Неодамна се побунија и поради појавата на инсекти во храната која им се служи.
Студентите, чија бројка е околу 3.000 имаат намера да организираат масовни протести, доколку управата не ја промени одлуката да добиваат по три дневни оброци и доколку не преземе ништо за подобрување на квалитетот на истите.
Според информациите до кои дојдовме, нивниот револт е уште поголем и поради фактот што модерните перални и сушални кои ги набави претходната влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, се уште не се функција поради тоа што лицата кои се обучени да раководат со истите, наместо да работат според описот на работните обврски од нивните работни места, добиле други задачи.
Студентите со кои разговаравме сметаат дека се изманипулирани од кадрите на СДСМ, како Стефан Богоев, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ кои кон крајот на минатата година беа чести посетители во студентските мензи и кафулиња, ветувајќи драстични промени на стандардот по доаѓањето на власт.
Велат, животот кој им беше ветуван, најверојатно е живот во странство, не во Македонија.
Според последните податоци за само 100 дена владеење на СДСМ, државата ја напуштиле 20.000 млади лица. Со оглед на тоа што суровоста на политиките на Зоран Заев кон младите станува поголема, очекувањата на експертската јавност се дека овој тренд ќе продолжи и во периодот што следи.
Наместо штедење и кратење на трошоците како што најавуваа пред да дојдат на власт, СДСМ во пракса спроведува вистинско расипништво и луксузир