Наместо да ги почувствуваат реформите од новата реформска влада на Зоран Заев, граѓаните на Струга веќе 8 дена се гушат поради неспособноста на новата власт. Новиот премиер Зоран Заев не дојде да ја согледа ситуацијата на терен, ниту се погрижи за да се надмине еколошката катастрофа. Фотографиите направени утрово покажуваат дека чадот се уште се шири.Депонијата во Струга гори повеќе од една недела, стружани се гушат од неподносливите чад и реа. Засега не вродуваат со плод протестите на стружани кои излегоа на улиците и побараа од надлежните час поскоро депонијата да се изгасне и да се воспостави 24- часовен надзор за повторно да не се запали.
-Страшна ситуација немам зборови, многу емотивно сум потресен.Опасностите се огромни ние не сме свесни, не сме медицински лица, не ја познаваме вистинската опасност од депонијава, од чадот меѓутоа секој ден откриваме дека сме подложни на рак, рече меѓу другото Јованчо Угреновиќ од граѓанската иницијатива „Доста е”.
Новиот премиер Зоран Заев не дојде ниту се погрижи за да се надмине еколошката катастрофа. Цела влада, премиерот и 26 министри не можат повеќе од една недела да изгасат пожар од кој се трујат над 100.000 граѓани од три општини
Стружани стравуваат дека проблемот со дивата депонија, освен на нивното здравје, негативно ќе се одрази и на туристичка сезона која е на прагот и ќе претставува удар врз нивниот џеб.
Велат дека ќе продолжи притосокот кон надлежните институции за решавање на проблемот, а доколку не бидат преземени брзо конкретни мерки, се заканија со граѓанска непослушност и неплаќање на сметките кон јавното комунално претпријатие.
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга
СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга. СДС и нивните коалициски партнери ја претвoраат Струга од бисер на Охридското езеро во депонија. СДС и нивните партнери со својата неспособност ја загрозуваат летната туристичка сезона. Револтот од граѓаните кон владата на СДС расте. Се поочигледна е негрижата на владата на СДС за граѓаните на Република Македонија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека министрите од владата на СДС секој ден се среќаваат со разни амбасадори, стружани се гушат од густиот чад кој доаѓа од депонијата која секој ден гори. Владата на СДС е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ побараа по итна постапка да се одржи седница на која што ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од запалената депонијата која што со денови ги труе стружани. Дури и Талат Џафери на крајно недемократски начин се обиде да ја затвори оваа тема и не дозволуваше порцедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, темата за депонијата во Струга е важна. Не може и не смее да биде замолчена со одземање на збор на пратеник. се вели во соопштението.Депонијата во Струга гори повеќе од една недела, стружани се гушат од неподносливите чад и реа. Засега не вродуваат со плод протестите на стружани