Новата влада предводена од Зоран Заев и преку Управата за јавни приходи (УЈП) со вонредни инспекции удри по прилепскиот градоначалник Марјан Ристески и манифестацијата „Пивофест“Од вчера до недела во Прилеп се одржува традиционалниот „Пивофест“, кој и годинава наидува на голема заинтересираност од страна на граѓаните од сите градови ширум земјава. Од денеска попладне, во градот може да се забележи засилена инспекција чија мета се дуќанџии, тргови и сопственици на штандови.
Инспекторите на УЈП, институција со која раководи Сања Лукаревска – висок функционер на СДСМ и дел од Шарената револуција се впуштија во акција во деновите кога во Прилеп се одржува манифестацијата од која целиот град има голем бенефит.
На овој начин, новата влада на СДСМ се одмаздува кон градоначанкот Марјан Ристески, кој годинава го организира 15-тото јубилејно издание на Фестивалот на пивото, подигнувајќи ги уште еднаш повисоко стандардите на овој реномиран настан и потврдувајќи ја беспрекорната организација.
Ваквата акција на Лукаревска и засилените инспекции од страна на УЈП доаѓаат откако пред неколку дена таа најави дека под лупа на УЈП ќе бидат повеќе настани, меѓу кои и Пивофестот во Прилеп. Наместо живот како што ветуваше во кампањата, СДСМ досега со доаѓањето на власт донесе најави за блокирање на сметки, извршители, присилна наплата и вонредни иснпекции со кои се удира по џебот на граѓаните.Од вчера до недела во Прилеп се одржува традиционалниот „Пивофест“, кој и годинава наидува на голема заинтересираност од страна на граѓ