Асоцијацијата на менаџери на Македонија, на својата прва трибина помеѓу нејзините членови и владиниот сектор, на тема “Новите даночни измени и новиот Буџет за 2018 година” која се одржа во текот на вчерашниот ден во просториите на Park Hotel & Spa – Скопје, реализираше исклучително продуктивна средба на менаџерите членки во АММ со Премиерот на Владата на Република Македонија, Г-дин Зоран Заев, како и со Министерот за финансии, Г-дин Драган Тевдовски.По сублимирањето на самата дебата, претставници од Асоцијацијата истакнаа дека членовите и останатите заинтересирани менаџери ќе може да ги испратат своите предлози, најдоцна до 10.12.2017 на официјалната маил адреса на АММ: [email protected]. По собирањето на конкретните предлози, Асоцијацијата ќе достави барање до Владата и до соодветното Министерство за разгледување и можно прифаќање на истите.
Трибината ја отвори Претстедателката на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија, м-р Маја Ристова, која истакна дека “Да се биде менаџер во РМ е навистина тешка и одговорна задача. Основна причина за потешкотиите е во недоволната грижа за развојот на менаџерите и нивните менаџерски способности. Затоа приоритет на Асоцијацијата е да ги обедини сите менаџери на едно место, во кое слободно ќе ги разменуваат своите визии и искуства, и каде ќе ги презентираат своите деловни потреби и проблеми, за што АММ максимално ќе се погрижи за решавање на истите”.
На трибината учество земаа менаџери – членови на Асоцијацијата, но и засегната група на менаџери кои ги препознаа вредностите на Асоцијацијата и ја искористија трибината за членство во самата Асоцијација.
Во таа насока, м-р Ристова додаде: “Создаваме добро организирана деловна мрежа на менаџери, преку промовирање и развој на лидерски и менаџерски вештини, како и преку вложување во човечки ресурси, удирајќи темел за економска преродба на државата. Поради тоа, почитувани присутни повикувам гласно да дискутирате и да ги дадете вашите предлози за новите данoчни измени и новиот буџет.”
Дел од предлозите на АММ во врска со новите даночни измени и новиот буџет, кои вчера пред Премиерот Заев и Министерот Тевдовски беа предложени се:
Персоналниот данок да не се менува
Аргументи – се наградуваат просечните, бизнисот и успешните поединци се иселуваат надвор, посебnо freelancer –ите, парите се лоцираат во странство, одлив на кадар, ќе се зголеми даночна евазија. Најдобро е да нема измени. Воедно, да се намали данокот за фирми (Локален Пазар) кои се во рурални средини и мали населени места, мали градови.
Фриленсот е единствен и најголем инвестициски фонд во државата и овие финансии се главен фактор за зголемување на Буџетот на РМ, (секој фриленсер кој финансиите му се стрикно заработени од странство да му бидат оданочени со 5% данок). Досега овие финансии се подигани и потрошени надвор од РМ поради големото оданочување како хонорарец (Стефан ќе објасни подетално зошто оданочувањето на хонорарот е неприфатливо за фриленсерите).
Она за што треба да се залага бизнис заедницата е износот над кој ќе се премине кон прогресивно оданочување да не биде понизок од 200.000 мкд. Прогресивниот данок претставува “данок на луксуз” (примањата од 60.000 мкд не се луксуз). Воедно, стартапите ќе бидат постабилни и ќе имаат огромен бенефит.
ДДВ обврзник за остварување на промет над 2.000.000 денари (на овој начин државата стимулира)
Даночна стимулација на фирмите кои ќе се трансформираат во акционерски друштва и ќе излезат со емисија (на акции) на берза (ова ќе претставува и самофинансирање на компаниите)
Енергетска ефикасност
Да се формира Фонд за енергетска ефикасност кој ќе биде самоодржлив и ќе може да се самообновува;
Да се врати на сила повлечената законска регулатива;
Да се изврши корекција, дополна и прилагодување на Правилилникот за енергетска контрола и Правилникот за енергетски карактеристики на згради (04.07.2013 година) кои се полни со двозначности и недоречености;
Фирмите лиценцирани за енергетска контрола, како правни субјекти кои издаваат официјални документи и се подложни на контрола од страна на АЕРМ, врз основа на нивната стручност и директно искуство, активно да бидат вклучени, преку здружението ЗЛЕК, во изготвување на законската регулатива која се однесува на енергетската ефикасност;
Да се воспостави транспарентен однос и соработка на МЕРМ со фирмите лиценцирани за енергетска контрола, преку здружението ЗЛЕК, кои ќе бидат стручна помош на Министерството;
Да се воспостави транспарентен однос и соработка на АЕРМ со фирмите лиценцирани за енергетска контрола, преку здружението ЗЛЕК, кои ќе бидат стручна помош на Агенцијата;
Листите со контакти на Лиценцираните фирми за енергетска контрола и овластените контролори да бидат транспарентни и достапни на јавноста.
Данок на капитална добивка да остане на 7%, да не се зголемува, кај кеш фондовите да остане на 0% до влез во ЕУ, поедноставување на процедурата за пријавување на данокот на капитална добивка.
Данок на добивка да остане ист (да се погледнат актуелните стапки на корпоративен данок во земјите со кои Македонија има најголема трговска размена- Германија, Велика Британија, Италија).
Премиерот Заев оцени дека ваквите трибини се одлична можност за споделување на знаења и размислувања со деловната заедница, важни за креирање на подобри владини политики за остварување на подобри резултати, во интерес на граѓаните. Останатите предлози дополнително ќе бидат разгледани, по доставувањето на истите до Владата.
Асоцијацијата на Манеџери на Македонија, продолжува активно со реализација на своите планови, кои оваа година ќе завршат со Предновогодишен митинг на сегашните и идни членови на асоцијацијата, на кој Асоцијацијата ќе го прогласи Менаџерот на годината, ќе ги сублимира успесите од оваа година и секако ќе ги презентира плановите за следната година.По сублимирањето на самата дебата, претставници од Асоцијацијата истакнаа дека членовите и останатите заинтересирани менаџери ќе може да