На денешната вонредна седница на Владата на Република Македонија, Владата донесе одлука за определување на 8 август 2016 година (понеделник) за Ден на жалост на Република Македонија.Владата донесе одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена како и одлука за доделување на еднократен паричен надомест во висина од 300. 000 денари за семејствата на загинатите граѓани.
Владата ја задолжи Дирекцијата за заштита и спасување целокупната опрема на Дирекцијата од сите региони во државата да ја стави на располагање во кризните региони, а препорача на општините кои располагаат со вакум цистерни, истите да ги стават на располагање на град Скопје.
Владата ја задолжи Дирекцијата за заштита и спасување веднаш да изврши ангажирање на дополнителна градежна механизација (скипови, багери и камиони) преку склучените договори за користење на градежна механизација од приватните фирми и истите веднаш да бидат пратени и ставени во функција во кризните подрачја.
Владата донесе одлука за доделување на нафта за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП Македонија пат, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, а беше заклучено Јавното претпријатие за државни патишта да изврши санирање на обиколницата која беше оштетена во невремето.
Во контекст на поефикасно и побрзо проценување на направените штети а со цел формирање на поголем број на комисии за проценка на штетите, Владата ги задолжи државните институции да делегираат лица кои ќе бидат ставени во функција на општинските комисии за проценка на штети.
Во текот на вечерта, Владата ќе одржи уште една седница на која повторно ќе биде разгледана моменталната ситуација и се очекува да бидат утврдени нови мерки и заклучоци.Владата донесе одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена како и одлука за доделување на еднократе