Партиите дел од коалицијата „За подобра Македонија“, денес ја потпишаа декларацијата „Македонија 2020“, со која се обврзуваат за посветено работење и реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по потпишувањето на Декларацијата истакна дека ќе работат во насока на сеопшт развој, свесни се дека има уште да се работи и убедени се дека идеите на државотворност и одговорност се прифатени од граѓаните.
-Нашите ветувања тежат, а нашите зборови вредат. Сите заедно ќе помогнеме за подобра Македонија. Ние членовите на Коалицијата се обврзуваме да ги штитиме интересите на РМ, македонскиот народ и интересите на етничките заедници, истакна Груевски.
Тој додаде дека и натаму остануваат посветени на стратешките определби како економскиот раст, отворањето на нови работни места, влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, унапредување на меѓуетничките односи, борбата со организиран криминал и корупција и инвестиции во секоја област.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по потпишувањето на Декларацијата истакна дека ќе работат во насока на сеопшт развој, свесни се дека има ушт