Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги изготви и предложи сите неопходни законски измени согласно завчерашниот договор кој го постигнаа четирите најголеми политички партии, а кој отвора пат за избори на 11-ти декември годинава. Координацијата кај собранискиот спикер Трајко Вељаноски заврши предмалку.Последните информации говорат дека усогласени се ставовите на претставниците на партиите, на координаторите на пратеничките групи околу текстот за измените за изборниот законик, a за во 20.30 е закажана седницата на која треба да се гласа околу измените.
Рокот за донесување на измените на изборниот законик истекнува денеска на полноќ. Претходно, координаторите на пратеничките групи го усогласија текстот на измените на изборниот законик и е потпишан од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, а се чекаа потписите да ги стават и ДУИ и ДПА.
ВМРО-ДПМНЕ покрај законот за Влада кој беше доставен вчера, денес ги достави до останатите три партии и Законот за внатрешни работи и за АВМУ. СДСМ бараше на дневниот ред на собраниската седница да биде ставен единствено предлогот за измените на изборниот законик, а не и измените на законите за влада, за МВР и Агенцијата за медиумите, потег кој може да ја развлече работата.Последните информации говорат дека усогласени се ставовите на претставниците на партиите, на координаторите на пратеничките групи околу текстот за