Владимир Путин изјави дека, доколку Украина потпише договор со ЕУ, Царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан ќе го разгледаат усвојувањето на заштитните мерки, објави „Денар“.„Доколку нашите соседи тргнат кон значајна либерализација на царинскиот режим со ЕУ тогаш украинскиот пазар ќе биде преплавен со производи чиј квалитет и цена се доста добри“, рече рускиот претседател Путин и додаде дека со тоа украинските производи ќе бидат исфрлени од пазарите во таа земја.
„Тогаш членките на Царинската унија ќе мораат да размислат за заштитни мерки, таква можност постои“, рече Путин, а јавија руските новински агенции.
Путин додаде дека украинска делегација ќе пристигне во Москва наредната недела за да разговараат околу можностите Украина да потпише договор со ЕУ и за последиците од тој потег.
„Наредната недела нашите украински колегу ќе пристигнат во Москва за да ги анализираат на меѓувладино ниво сите закани поврзани за оваа ситуација“, истакна Путин.
Украинскиот премиер Микола Азаров ќе отпатува во Москва на разговор со својот руски колега Димитри Медведев во понеделник, рече портпаролот на Медведев за АФП
Острото предупредување од Путин доаѓа во момент кога Киев се подготвува да потпише договор за придружувања кон ЕУ на самитот во Вилнус во ноември.
Рускиот претседател порано оваа година изјави дека Украина, доколку се придружи на Царинската унија, годишно би имала корист во вредност од околу девет милијарди долари, поради поголемиот приход од увозот на своите производи и драстично пониски цени на рускиот гас.
republika.mk„Доколку нашите соседи тргнат кон значајна либерализација на царинскиот режим со ЕУ тогаш украинскиот пазар