Владимир Путин со нов рекорден рејтинг во Русија

На крајот на март рускиот претседател Владимир Путин постигна нов рекорден рејтинг во земјата од 82,3 отсто, покажуваат податоците од анкетата на центарот ВЦИОМ. Како што пренесе ИТАР-ТАСС, вака високата доверба во активностите на Путин анкетираните најмногу ја објаснуваат со приклучувањето на Крим кон Руската Федерација и тешката ситуација во Украина, што беа главните настани во текот на минатата недела.
Рејтинг от на Путин се зголемува веќе втор месец и според податоците на ВЦИОМ е зголемен и во текот на минатата недела од 75,7 на 82,3 проценти, а од почетокот на годината е повисок за една четвртина (од 60,6 проценти во јануари на 74,4 во март).
Новите показатели веќе се доближуваат до оние од пред шест години, кога во февруари 2008 година активностите на Путин ги одобруваа 82,9 отсто од анкетираните Руси.
Рејтингот на владејачката партија Единствена Русија, исто така, е зголемен во последните месеци и е на ниво од неговиот петгодишен максимум – 56,2 отсто, откако две години се држеше на нивото од околу 45 проценти, забележува ВЦИОМ.
Извор: МИА Како што пренесе ИТАР-ТАСС, вака високата доверба во активностите на Путин анкетираните најмногу ја објаснуваат со&

Пронајдете не на следниве мрежи: